за

На возачите на Ducati јакната им е водушна перница

Идејата за воздушни перници кај мотоциклите не е нова, но затоа е оваа: Купувачите на Ducati Multistrada S Touring D-Air добиваат јакна што се дува како воздушна перница.

Јакната-воздушна перница е револуција во светот на две тркала. Во следните две години, Ducati ќе ја испорачува јакната со секој нов мотоцикл. Првиот систем од јакна-воздушна перница во слободна продажба е развиен во соработка со специјалистот Dainese и ќе биде достапен од мај.

D-Air се поврзува безжично со сензорите во Ducati Multistrada 1200 S Touring. Воздушната перница што е вградена во непропустливата јакна се надувува за 45 милисекунди, односно буквално „додека трепнеш“. Компонентите од системот го оптоваруваат мотоциклот со само 1 килограм и чинат околу 700 евра, додека за јакната со воздушна перница се потребни уште 1.400 евра.

Двете воздушни перници се надувуваат од два генератора на гас, коишто го добиваат импулсот за активирање преку две двонасочни радиофреквенции. Целта на „двојниот систем“ е да се спречат пречки во радио врската меѓу мотоциклот и јакната. Наполнетоста на литиум јонските батерии во јакната се следи на дисплеј во Ducati Multistrada. Батериите издржуваат 30 часови во мирување, а потоа мора да се наполнат. По активирањето, јакната се враќа во Dainese каде што во период до две недели се отстрануваат оштетувањата и се вградуваат нови компоненти од системот за цена од 300 евра. Јакната од Dainese без систем од воздушни перници би чинела околу 500 евра, што значи дека дополнителната безбедност на D-Air чини 900 евра.

Системот од воздушни перници ги намалува силите што дејствуваат врз телото до 72 проценти. Обата партнера се толку убедени во успехот на D-Air, што во следните две години сите модели на Ducati ќе го поседуваат системот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan го претстави новиот Murano

Suzuki разви евтин хибриден погон