Зимата им донесе непријатни изненадувања и на полицајците во Берлин. Секое четврто службено полициско возило во германската престолнина не можеше да стартува, а еден модел беше особено погоден од проблемот.
Зимскиот студ онеспособи една четвртина од возниот парк на полицијата во германската пресолнина Берлин. Дури 85 автомобили утрово не можеа да стартуваат или имаа проблеми при стартувањето. Причината за овој сериозен проблем уште не е утврдена. Температурите во Берлин утрово достигнаа и до десет степени под нулата.
На целата територија на градот, најмногу проблеми имаа службените возила од моделот Opel Zafira, од различни годишта. Полицијата бара објаснување. Службениот парк на полицијата во Берлин е составена од 344 возила, кои полнат гориво на сопствените пумпи на полицијата. Од ноември, на пумпите се точи зимски дизел кој не би требало да замрзне до температура од -22 степени Целзиусови. Во моментов се проверува дали е направен пропуст при доставата на гориво до полициските пумпи. Првите сомнежи беа дека се замрзнати филтрите за дизел во возилата.