за

Најсилниот сериски Peugeot на сите времиња

Производителите го користат Фестивалот на брзината во англискиот Гудвуд да ги покажат мускулите. Peugeot не останува покус. Купето RCZ-R вози со 270 КС и е најбрз Peugeot во историјата.

Купеата на Peugeot отсекогаш биле впечатливи, повеќе пати со дизајнот, некогаш со моќноста, а сега и со дизајнот и со моќноста. Специјалната изведба RCZ-R извлекува 270 КС од 1,6-литарскиот бензинец со турбонатполнење и со тоа е најсилен сериски Peugeot во историјата, но и неговиот мотор го поставува актуелниот врв со специфичната моќност од 170 КС на еден литар зафатнина. Друг 1,6-литарец не постои со толкава моќност во моментов.

RCZR_1306STY009

Моќта се пренесува преку шестстепен мануелен менувач, а забрзувањето до сто трае помалку од шест секунди. Французите не ја откриваат крајната брзина, но 250 километри на час се сосема реални. Две коњски сили повеќе ослободува Audi TTS, но за тоа користи и поголем мотор, со зафатнина од два литри.

RCZR_1306STY012

Во комбинација со посилниот мотор одат посебно дотерано подвозје, поголеми бандажи и торсен блокада на диференцијал, што ветува поголема динамика во возењето и создава основа за примена на RCZ-R на тркачките патеки. Вообичаено за марката со лавот, надворешноста открива само во детали дека станува збор за најсилниот модел. Купето го открива идентитетот само преку поголемите бандажи, спојлерот одзади и дифузорот со интегрирани издувни цевки со поголем пречник. Внатре се вградени спортски седишта, а посебна ознака во средишната конзола открива дека се работи за верзијата R. Официјалната премиера на моделот ќе биде на салонот во Франкфурт во септември, а продажбата ќе стартува в година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat се рекламира со голи девојки

Колку издржуваат денешните автомобили?