за

Најпродаваните модели во Европа за месец август

1-то место по традиција за Volkswagen Golf (32.456)

Продажбата на автомобили во Европа бележи раст веќе 12 месеци во континуитет, што го потврдува заздравувањето на пазарот. Volkswagen има дури три модели меѓу десетте најпродавани.

Благодарение на значителниот раст од 14 проценти во продажбата на освежената генерација на Polo, германскиот гигант постигна еден-два победа во статистиката на продажба на автомобили на европскиот пазар во месец август. На првото место и натаму е Golf со раст во продажбата од 20,1 проценти во споредба со ланскиот август. Меѓу најпродаваните 10 модели во Европа се најде уште еден модел на Volkswagen: Непосредно пред стартот на продажбата на новата генерација, Passat ја зголеми продажбата во август за 21,2 проценти во споредба со август 2013.
Одлични продажни резултати во август забележа и Ford со моделите Fiesta (+10,7%) и Focus (+25,3%). Зголемувањето на продажбата на Skoda Octavia за 22,7% овозможи чешката марка да ја задржи нагорната линија од почетокот на годинава. Третото место му припаѓа на Renault Clio и покрај падот од 2,5% поради влошените пазарни услови во Франција и Холандија. Најголемиот пад е кај Audi A3, чијашто продажба опадна за 6,8% во споредба со минатиот август.
Сигурното закрепнување на Европа се покажува најдобро преку степенот на раст на продажбата кај освежените моделски генерации во споредба со ланскиот август, што важи особено за Nissan Note, BMW X5 и Mazda3. Малите кросовери, предводени од Renault Captur (+10,0%), Opel Mokka (+44,5%) и Peugeot 2008 (+67,7%) исто така продолжуваат со одличната продажба.

Во следната галерија ви ги прикажуваме десетте најпродавани модели на европскиот пазар во август:

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari 458 Speciale A: Последниот Ferrari со мотор без турбо

Овој Porsche минува 36 километри без бензин