за

Најнеобичните сообраќајни закони во светот

Летото е време на патување. Некои може да заминат и многу подалеку, во далечни земји, каде што важат правила во сообраќајот за коишто дотогаш не слушнале. Ќе ве изненади какви сé правила постојат.

Други земји, други правила. Тоа е правилото што мора да се има во предвид кога се патува во подалечни земји, без разлика дали се користи сопствениот автомобил или локално се изнајмува автомобил. Во некои земји постојат правила што немаат ништо заедничко со логиката на којашто сме научени во нашиот регион. Следат најнеобичните сообраќајни правила во целиот свет.

  • Возачите на коишто автомобилот им е премногу валкан, ќе бидат казнети со 200 евра во Русија.
  • Пред да се започне возењето, во Данска е задолжително да се провери дали сопирачките, светлата и управувањето работат правилно, но исто така не смее да се пропушти и проверка некој случајно да не е легнат под возилото. Во тој случај, моторот не смее да се стартува.
  • Повеќе сојузни држави во САД имаат необични правила за возачите на автомобили. Во Алабама, на пример, забрането е да се вози со врзани очи. Во Колорадо е подобро да се избегнува автомобил со црна боја, затоа што е забрането со него да се вози во недела. Законот во Минесота забранува на задните седишта да се вози горила. Возачите во Оклахома не смеат да читаат стрипови за време на возењето, а во Тенеси не смеат да спијат.
  • Бакнувањето во автомобил во италијанското гратче Еболи се казнува со 500 евра.
  • Возачките и возачите во Германија смеат да седат и да возат голи, затоа што автомобилот се смета како приватно подрачје. Но, ако излезете голи од возилото, претстои парична казна во висина од 40 евра.
  • Во топлиот Кипар не помислувајте да пиете вода додека возите. Тоа е против сообраќајните закони.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ги заменува алуминиумските клипови со челични

Чичка нов Jaguar од 1963: Враќање на E-Type Lightweight