за

Најдобриот увозник на Skoda е во Велика Британија

ŠKODA UK ја освои престижната награда на увозник на годината по втор пат. Наградите беа врачени во Прага, во присуство на бренд менаџери на Skoda од целиот свет.

Наградите за второ и трето место ги освоија увозниците во Полска и Германија. Полска победи и во категоријата на постпродажба, Чешка ја понесе титулата за најдобар продавач, а Русија беше наградена за односот со клиентите.

„Нашата продажба во Велика Британија е во постојан пораст, се поголем број купувачи се враќаат во дилерствата на марката, а имиџот на Skoda се трансформираше со новиот корпоративен идентитет и со новите модели. Оваа награда докажува дека фабриката ги цени развојот на марката и на продажната мрежа во Велика Британија,“ изјави Аласдер Стјуарт, директор на марката Skoda во земјата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW ќе произведува серија 9 за кинескиот пазар?

Land Rover го најавува новиот Freelander за салонот во Њујорк