за

Најгрдиот автомобил во светот во уште поубедлива глетка: На промо-клип

Официјално претставен лани на салонот во Лос Анџелес и неофицијално најгрд автомобил во светот сега се прикажува во „вистинското светло“ – на промотивно видео. Официјално, Youabian Puma е најгрд во светот.

Мачно е да се одгатне што претставува овој автомобил. Тенк, теренец, кабриолет или можеби баги или вселенски автомобил? Светот лудува по кросоверите од сите видови, во умешно и привлечно изведените споеви на повеќе возила во едно, но во случајот на Youabian Puma, поимот кросовер тешко дека може да се примени. Шетсметарската грдосија од салонот во Лос Анџелес, каде што официјално беше прогласена за најгрд автомобил на салонот, сега се појавува и на видео. За сите што не се убедиле досега, да се убедат.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari 458M се подготвува за премиера во Париз

Citroen CX го одбележува 40-от роденден