за ,

Најголемите фабрики за автомобили во Европа: Волфсбург останува на чело

Двете најголеми автомобилски фабрики во Европа му припаѓаат на концернот Volkswagen. На списокот на десетте најголеми производствени локации за автомобили се најде и фабриката на Renault во Романија.

Матичната фабрика на Volkswagen во Волфсбург ја задржува убедливата предност како најголема фабрика за автомобили во Европа. Иако продукцијата во првите шест месеци од 2015 година во оваа фабрика е намалена за 9 проценти, со 450.000 произведени автомобили во првото полугодие од годинава, Волфсбург и натаму е далеку од втората најголема фабрика на европска територија, фабриката на Audi во Некарсулм. Таму во првото полугодие се произведоа  250.000 примероци од Audi A4, A6 и Audi 8, вклучувајќи и други модели. Десетина илјади помалку возила се произведени во третата фабрика на списокот, во погонот на алијанста Renault-Nissan во Сандерленд. Од британската фабрика доаѓаат Nissan Qashqai, Juke и Leaf, модели што бележат одлична продажба.

Дури на четвртото место на списокот е Opel, со фабриката во Сарагоса, Шпанија, потоа следи фабриката на Seat во Марторел, во непосредна близина на Барселона, за на шестото место да следи повторно фабрика од концернот Volkswagen – матичниот погон на Skoda во Млада Болеслава, Чешка.

Француската групација PSA Peugeot Citroen ја има седмата најголема фабрика во Европа, и не случајно, таа е на шпанска територија, во Виго. Следат погоните на Volkswagen во Емден, фабриката на Ford во германскиот Сарлуис, а на десеттото место, како најпријатно изненадување, фабриката на Dacia во Питешти, Романија. Најголемото разочарување е Италија. Некогашниот гигант во производството на автомобили отсуствува целосно од списокот на десетте водечки фабрики во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори
  1. Mislam deka suštinata na proizvodnite fabriki ne e vo brojot na avtomobili tuku vo vrednosta , vrednosta na proizvedenite avtomobili e praviot pokazatel, ne e sedno dali si proizveduva da kažeme Dačia ili BMVE .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi отвори фабрика за автомобили во Бразил

BMW M4 GTS: Со половина кило коњски сили под хауба