за

Наследникот на SLS AMG доаѓа во 2016 како GT

Според култниот Auto Bild, Mercedes планира да престане со производство на суперспортскиот SLS AMG во 2015 година. Наследникот веќе созрева, цената ќе биде значително пониска.

Една година по престанокот на производството на моделот со крилести врати, односно на наследникот на 300 SL од 1950-те, Mercedes ќе додаде во гамата нов спортски автомобил. Тој ќе го замени SLS AMG и според Auto Bild ќе биде задвижуван од четирилитарски V8 со битурбо натполнење.

Цената на новиот модел ќе биде значително пониска. Основниот модел со 485 КС би чинел околу 110.000 евра, додека SLS AMG моментно почнува од 186.000 евра. Се планира и верзија S, со моќност од 550 КС, по цена од 145.000 евра. Обата модела се околу 150 килограми полесни од SLS. Уште полесна ќе биде верзијата GT Black Series, а во исто време и посилна, со 585 КС.

Сродството на спортскиот автомобил се препознава преку дизајнот и преку долгата хауба. Остануваат конструкциските предности на SLS, како што се алуминиумската каросериска структура, моторот зад предната оска и погонот и менувачот назад. Највпечатлива разлика меѓу SLS AMG и GT се крилестите врати. Наследникот нема да се нуди со нив. Auto Bild уште пишува и дека не се планира втора каросериска варијанта, односно GT нема да се нуди како родстер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet Spark на струја со сензационална цена во САД

Упад во Porsche: Крадците обиле 110 возила