за

Наследникот на Land Rover Freelander ја покажа формата

Ова е последното маскирано појавување пред официјалната премиера на Discovery Sport. Формата на каросеријата на наследникот на Freelander веќе добро се наѕира.

Автомобилската јавност е во големо исчекување на премиерата на првиот модел од новата генерација на теренци од семејството Discovery, којашто истовремено ќе ги замени моделите Freelander и Discovery, со повеќе каросериски изведби на истата техничка основа. Прототипите веќе се пуштени на завршно тестирање во редовен сообраќај, со иновативна камуфлажа којашто прикажува како каросериската ламарина да се лупи за да се погледне во внатрешноста на возилото и да се открие третиот ред седишта

Како што најавува Гери Мекгауерн, прв дизајнер на Land Rover, “практичниот Discovery Sport ќе има седишта со конфигурација 5+2, нудејќи голем багажен простор и приспособив распоред на седиштата, истовремено задржувајќи ги компактните димензии во споредба со традиционалните спортски теренци со 5 седишта.“ Продажбата на новиот Discovery Sport ќе стартува в година, а актуелниот Discovery ќе остане во продажба до појавувањето на неговиот наследник врз основа на Discovery Sport.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лондон ќе наплаќа по 10 фунти за влез со дизел во центарот на градот

Honda CR-V е најпродаван спортски теренец во светот