за

Наследникот на Bugatti Veyron SS може да добие хибриден погон

Суперавтомобилот со 1200 КСе можно да добие наследник што ќе користи помош од електромотор за светскиот рекорд во брзина да се врати под логото на Bugatti.

Во февруари се одвиваше големиот двобој околу поставувањето на рекордот за најбрзо возило од сериско производство меѓи Bugatti Veyron Super Sport и Hennesey Venom GT. На крајот победи американскиот суперавтомобил, надминувајќи ги 431-те километри на час на Veyron SS.Bugatti полека го привршува развојот на наследникот на Veyron, кој ќе има моќност од околу 1.500 КС од 16-цилиндарски мотор и исто така ќе биде произведен во ограничена серија од 450 примероци. Според интерни извори, првиот шеф на марката во сопственост на Volkswagen, ВолфгангДурхајмер преферира наследникот да користи хибриден погон, но тоа уште не е потврдено официјално.

Комисијата на ЕУ ја ограничи емисијата на СО2 на 130 грами по километар за 2015 година. За секој дополнителен грам СО2 што го испушта моделската гама на секој производител ќе се плаќаат пенали кон Комисијата, што ќе биде товар и за производителите и за купувачите. Од таа причина, сите производители на суперспортски автомобили, како Ferrari, McLaren и Porsche воведуваат хибриден погон во своите модели со цел да се намали потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на штетниот гас.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai со рекордни 700 километри со погон на водород

Повеќе од 8.000 примероци од првиот Mini уште возат во Британија