за

Наскоро Golf GTD R со супердизелот од Passat?

Во развојното одделение на Volkswagen се размислува околу можноста под хаубата на Golf GTD да се најде новиот битурбо дизел од Passat со 240 КС.

Модуларната платформа MQB му овозможува на Volkswagen лесно „пресадување“ на моторите од сите модели што се базираат на неа. Според тоа, новиот дволитарски дизел со битурбо натполнење од Passat B8 може без проблеми да се вгради и во Golf. Но, инженерите се двоумат околу оваа можност.

Комбинацијата од 240 КС и вртежен момент од 500 Nm на најсилниот дизел за платформата MQB, според инженерите би можело да претставува преголем залак за Golf. Доколку моделот сепак се најде во продажните салони на Volkswagen, тоа би бил најсилниот дизелски Golf од сериска продукција во историјата. Овој мотор му обезбедува на 1,7 тони тешкиот Passat 2.0 TDI забрзување од 6,1 секунди до сто – земајќи го дополнително и стандардниот погон на сите тркала 4Motion – додека тристотини килограми полесниот Golf GTD со 184 КС забрзува за 7,5 секунди до сто. Покрај тоа, од аспект на енормниот вртежен момент, идниот GTD R би бил обврзан на менувач со двојна спојка, исто како и на погон на сите тркала. Во секој случај ќе биде интересно да се види што ќе произлезе од оваа можност, Golf GTD R да се најде како дизелски пандан на актуелниот Golf R.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кросоверот од Peugeot 508 отсега достапен и без хибриден погон

Луксузна изведба на Renault Clio со доплата од 3.300 евра