за

Наргиле од Bugatti: За смирување по возењето 1000 КС

Забрзувањето за 2,5 секунди до сто со Veyron умее добро да ги напне нервите. Можеби тоа е причината што луксузната марка сега им нуди наргиле на платежноспособните клиенти.

Блискиот Исток е важен пазар за пласман на луксузните возила на Bugatti. Благородната марка ќерка на Volkswagen ги научи локалните обичаи и освен со возбудливи возила, ги снабдува шеиците и со стилска опрема за моментите за релаксација. Последната колекција Bugatti на лајфстајл предмети опфаќа и наргиле.

Во стилот на марката, наргилето изгледа благородно, елегантно и пуристички. Куќиштето на наргилето високо 80 сантиметри е изработено од карбон, рамката е од титан, а дршката и цревото се изработени од мека кожа што е шиена рачно.

Shisha, како што се води наргилето во каталогот на производи на шведскиот Desvall, ќе се изработи во ограничена серија од 150 примероци и чини 150.000 долари по парче, односно околу 110.000 евра. Кој смета дека тоа е прескапо може да ја посети онлајн продавницата на Porsche, каде што исто така има нешто за ориенталното уживање во чадот, а чини 1.350 евра. Во споредба со Bugatti, тоа е речиси џабе.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полска ќе ги собира старите коли со волан од десна страна

По серијата пожари: Кому му пречи успехот на Tesla?