за

Мултимилијардерот Ворен Бафет влегува во автомобилскиот бизнис

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет го купи најголемиот дилер на автомобили во САД вреден три милијарди долари

Легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет вложува во автомобилската бранша. Неговата фирма за инвестиции „Беркшир“ го купи петтиот најголем дилер во САД. Експертите сметаат дека тоа е само почеток.

Мултимилијардерот Ворен Бафет стана автомобилски дилер. Неговиот холдинг „Беркшир Хетавеј“ го купи петтиот најголем дилер на автомобили во САД, фирмата „Ван Тил“ од Феникс. Цената на дилот не е објавена официјално, но познавачите на браншата сметаат дека станува збор за сума од околу три милијарди долари!

„Ван Тил“ е основан пред 62 години и поседува 78 филијали во десет сојузни држави во САД. Фирмата меѓу другото тргува со автомобили од марките Chevrolet, Mercedes, BMW, Toyota и Cadillac, остварувајќи годишен промет од девет милијарди долари. „Беркшир“ во своето портфолио ги поседува железничкото претпријатие „БНСФ Ранвеј“ и приватната авиокомпанија „Нет Џетс“.

Бафет обично инвестира во класични американски фирми и семејното претпријатие „Ван Тил“ се вклопува во неговата шема. Во вториот квартал од годинава „Беркшир“ постигна зголемување на профитот од 41 проценти во споредба со истиот период лани, со 6,4 милијарди долари. Фирмата на Бафет има силно присуство во бизнисот со осигурување, но има и голем уредл во светските концерни како Coca Cola, IBM и Exxon Mobil.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

TT Sportback: Audi мора да го пушти овој автомобил во серија!

Почнува трката за „Светски автомобил на годината“