за

Мотоциклист предизвика верижен судир со клоца во врата

Мотоциклист клоца автомобил

Насилнички напад на мотоциклист врз возач на автомобил предизвика верижен судир со трето возило на автопат во САД. Клоца во врата можеше да има кобни последици за сите учесници во незгодата. Но, дали мотоциклистот навистина е виновникот?

Бесна реакција на мотоциклист кој клоца во врата на автомобил по автопат во Калифорнија предизвика превртување на трето возило. На видеото од настанот се гледа како возачот на автомобилот Nissan реагира панично, губи контрола и удира во бетонската ограда, се одбива од неа и потоа се забива во Cadillac кој вози на делницата што се спојува со патот.

Големиот пикап се превртува од силината на ударот, но неговиот 70-годишен возач минува само со површински повреди. Сообраќајот по автопатот во регионот на Санта Кларита останува блокиран половина час, мотоциклистот ладнокрвно се одвезува од местото на незгодата.

Мотоциклист или автомобилист: Кој е виновникот за незгодата?

Повеќето американски медиуми го осудуваат однесувањето на мотоцилистот, по когошто полицијата во меѓувреме започна потрага. Настанот најчесто е оквалификуван како насилство на пат. Но, дали навистина е виновен мотоциклистот?

Настанот е снимен со мобилен телефон, од совозачкото седиште на друг автомобил. Според изјавата на патникот, тој започнал да го снима настанот откако забележал дека се води препирка околу мотоциклистот и возачот на лимузината. Причина за препирката било недозволеното преоѓање на автомобилистот во лентата по којашто возел мотоциклистот. На снимката јасно се забележува дека двојна полна лента ги раздвојува двете различни делници што подоцна се спојуваат.

Тоа што изгледа како панична реакција на возачот всушност е обид да го турне мотоциклистот

Возачот на мотоциклот сигурно нема намера да го преврти автомобилот удирајќи клоца во вртата. Неговата реакција е изразување протест против опасното однесување на автомобилистот. Тоа што некои го гледаат како панична реакција на возачот на автомобилот, кој свртува нагло кон разделната бетонска ограда, всушност е намера на возачот да му го препречи патот на мотоциклистот, па дури и обид да го собори и повреди.

Ова сценарио како од холивудски филм ќе завршеше праведно, доколку автомобилистот не се забиеше во невиниот возач на тешкиот Cadillac. Полицијата не објавува информации за возачот на Nissan. Изјави од сведоци ќе ја докажуваат и неговата вина во незгодата. Можно е против него да биде поднесена прекршочна пријава. Мотоциклистот сепак го напуштил местото. Тоа исто така е прекршок.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lotus под новиот сопственик ќе се произведува и во Кина

WannaCry спаси возачи од казна

Вирусот WannaCry поштеди стотици австралиски возачи од казна