за

Може ли iPhone да се користи како сопирачка плочка за Porsche?

Некои прашања немаат одговор зашто никој не ги поставува. Неколку налудничави ентиузијасти сепак беа заинтересирани да го дадат одговорот што сите го знаат. И пак, сите се интересираат да погледнат!

Може ли iPhone да се користи како сопирачка плочка за Porsche? Ова прашање никој не го поставил, зашто одговорот е познат однапред, но и покрај тоа, сите ги интересира крајниот резултат. Авторите на ова видео се истите што претходно дадоа одговор на прашањето – дали iPhone може за запре зрно од Калашников? Според тоа, јасно е дека тука не станува збор за шега.

Овие креативци со налудничави идеи гледаат реално сценарио во нивниот опит: „Замислете дека сте некаде во планините, стотици милји оддалечени од цивилизацијата, а сопирачките на автомобилот се истрошени. Не знаете како понатаму. Во автомобилот сте повеќемина, и сите имате iPhone.“ Идејата е импровизираните сопирачки со iPhone да се тестираат при различни брзини, за на крајот да се провери дали по сопирањето уште ќе функционираат телефоните. Претходно се брусени примероците од iPhone 4S што се користат на местото на стандардните сопирачки облоги, заради зголемување на триењето.

Паметниот телефон на Apple служи за се, па зошто не и за ова

Резултатите од тестот. Телефоните функционираат добро до брзина од 20 милји на час, односно околу 32 километри на час. Но, iPhone веќе има проблем при двојно повисока брзина. Еден од користените iPhone почнува да гори по успешното запирање. Како продолжува необичниот опит и дали на iPhone му претстои голема кариера во новата примена дознајте во видеото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda ги произведува најиздржливите возила според британските возачи

Amazon издвои 250 милиони евра за новото шоу на Џереми Кларксон