за

Мобилниот на Lamborghini не само што е грд, туку и пеколно е скап

Шест илјади долари чини паметниот телефон од Tonino Lamborghini. Ако некој очекува дека за парите се добиваат врвни перформанси, очекува премногу.

На саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас не се претставуваат само возбудливи иновации, како новите концепти за ракување или автомобили што возат сами, туку и неразумни работи. Некои го сметаат тоа како луксуз. Овие производи на никого не му се потребни, но се начин за издвојување од масата. Фирмата на Тонино Ламборгини, син на Феручио Ламборгини, во Лас Вегас претстави паметен телефон по цена од 6.000 долари за парче. За овие пари може да се купи и добар половен автомобил, иако не од марката Lamborghini.

Паметниот телефон на Lamborghini е црн, со сребрени или златни детали и со елементи од кожа. Телефонот може да се користи со две SIM картички. Со процесор quad-core Snapdragon 801 на 2,3 GHz, 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија, тој ниту оддалеку не го исполнува тоа што го ветува изгледот. Главната камера снима со 20 MP, а со предната камера се можни фотографии со резолуција до 8 MP. И тоа е просечно. Само просечно.

Што навистина треба да се очекува од телефон што се продава за 6.000 долари? Одговорот на прашањето го дадоа експертите на The Verge. Тие ја дадоа следната оцена на тестот: „Од паметниот телефон 88 Tauri ќе се изработат само 1.947 примероци, но секој еден од нив е смешен.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колекционерите се палат на јапонски олдтајмери

Детроит Мотор Шоу: Големи очекувања од првиот салон во 2015