за

Многу прашина околу џиновскиот теренец на Bentley

Салонскиот примерок на првиот теренец на Bentley беше само катастрофална утка. Сега Британците покажуваат дека извлекле поука од тоа. Теренецот на Bentley доаѓа во 2016.

Bentley има замислено убав план да постави нови стандарди во сегментот на спортските теренци. Првата фотографија од британската ќерка на Volkswagen покажува дека и четвртиот модел на марката ќе ја носи препознатливата хромирана маска со впечатливи димензии.

Светот дозна за плановите за спортски теренец на Bentley преку претставувањето на студијата EXP 9 F на салонот во Женева пред две години. Концепното возило предизвика огромна критика првенствено поради дебелиот нос. Во оваа прва фотографија од идниот сериски модел се гледа дека дизајнерите на марката се откажале од првичната намера да заплашуваат по улиците. Корекции претрпеа и светлата. Место две огромни тркалезни светла, ултралуксузниот теренец ќе има по еден чифт од поголемо и помало светло во стил на моделите Continental и Flying Spur.

Техничките детали уште не се објавуваат, но според шпекулациите, големиот Bentley ќе добие шестлитарски мотор со 12 цилиндри, кој е развиен од Volkswagen и работи во Bentley Continental и Volkswagen Phaeton. Се планира и верзија со хибриден погон. Британците очекуваат дека од уште некрстениот модел ќе продаваат по 3.000 парчиња годишно. Спортскиот теренец е дел од инвестицијата од 800 милиони фунти за нови модели и нови погони на Bentley во следните три години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche и Bentley имаат најмногу проблеми со електриката

Американец украл половина милион долари од паркомати