за

Мишел Родригез се увери колку Jaguar F-Type SVR е „Брз и бесен“

Ѕвездата од „Брзи и бесни“ не одолеа да го потера најбрзиот Jaguar во историјата до крајната брзина од 320 километри на час. Од обидот произлезе спектакуларна снимка низ пустината Невада.

Најбрзиот модел во историјата на марката со дивата мачка, Jaguar F-Type SVR, се најде на проверка од ѕвездата од серијалот „Брзи и бесни“, Мишел Рордигез. На затворена делница во пустината Невада, актерката го потера дивиот Jaguar додека стрелката на брзиномерот не покажа 201 милји на час – што одговара на 323,4 километри на час. Ова беше највисоката брзина што актерката ја има доживеано во автомобил.

https://youtu.be/rKVEsicKkms

Мишел со одушевување го опиша искуството: „Возењето на овој автомобил е неверојатно! Го  соборив мојот личен рекорд во прекрасниот Jaguar F-Type SVR. Чувството да достигнеш 201 милји на час е фантастично, автомобилот се однесуваше мошне смирено, беа потребни само мали корекции на правецот, бев суперфокусирана и сé се одвиваше како што треба.“

Специјалното одделение на Jaguar го разви SVR со намера да го направи полесен, побрз и посилен од стандардниот F-Type, задржувајќи ја неговата погодност за возење во секојдневието – слично на тоа што Porsche отсекогаш го пропагирал за својот 911 Turbo. Според Јон Едвардс, шеф на Jaguar Land Rover Special Vehicle Operations, спортското купе е унапредено во секој поглед, почнувајќи од управливоста и дизајнот, преку звукот на моторот, и секако, до перформансите.

F-Type SVR е прв модел на Jaguar од одделението за специјални изработки и најбрза моделска верзија на F-Type. Цената на купе изведбата на британскиот пазар изнесува 110.000 фунти, додека за кабриолетот се потребни уште околу 15.000 фунти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Водородната Toyota Mirai стартува со продажба во Шведска и Норвешка

Skoda Octavia III стана милионерски автомобил