за

Мистер Ленд Ровер заминува во пензија

Роџер Кратхорн повеќе од половина век им демонстрираше на кралевите, естрадните ѕвезди и генералите за што е сé способен Land Rover. Во автомобилскиот свет тој е познат како Мистер Ленд Ровер.

Роџер Кратхорн има работено на многу позиции во Land Rover, почнувајќи од инженер за развој, преку тренер и демо возач, до тест пилот. Тој почнува да работи за Land Rover како стипендист во 1963 година, на 16-годишна возраст. Работата кај британскиот специјалист за теренски возила буквално му била предодредена од раѓање. Мистер Ленд Ровер е роден во 1947 година во Лоуд Лејн, на околу еден километар од фабриката на марката. Во истата година се раѓа и идејата за првиот модел на Land Rover. Во 2008 година, Кратхорн ги објави своите мемоари во книгата „Роден во Лоуд Лејн“.

Како експерт за теренско возење, Кратхорн го предводи демо тимот на Land Rover од 1978 година
Како експерт за теренско возење, Кратхорн го предводи демо тимот на Land Rover од 1978 година

Повеќе од 15 години, Кратхорн работи во техничкото одделение на Land Rover, каде што меѓу другото бил ангажиран и во развојот на првата генерација на луксузниот Range Rover. Неговите исклучителни способности како експерт за теренско возење доаѓаат до израз во 1978 година, кога го презема раководењето со тимот за демонстрирање на возилата. Овој тим подоцна прерасна во Land Rover Experience, кој сега одбележува 25-годишнина. Должноста на Роџер Кратхорн беше да ги убедува потенцијалните клиенти во теренските способности на Land Rover.

Кратхорн ќе ужива активно во пензионирањето: „Во мојот нов живот повторно ќе ги земам во рака клучевите од мојот прастар Land Rover и ќе учам како се работи со саух и со меѓугас“, кажува 67-годишникот.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата класа C се грижи за животната средина

Дизајнерска екскурзија: BMW CS Vintage Concept