за

Мистеријата на Mitsubishi Outlander што се претвори во подвижен пчеларник

Рој пчели цели два дена го следел овој Mitsubishi Outlander на жителка на Велс. Причините за необичното дружење уште се неразјаснети.

Велшанката Керол Хауарт доживеала непријатно изненадување кога по излегувањето од локалниот супермаркет здогледала рој пчели сместен на задниот дел од нејзиниот Mitsubishi Outlander. Тројцата пчелари повикани на помош успеале бргу да го соберат ројот од околу дваесет илјади пчели. Но, пчелите се вратиле на возилото уште следниот ден.

Случајот излезе во јавноста преку фејсбук-објавата на Том Моузис, ренџер во блискиот национален парк. Возејќи низ велшкото гратче Хејверфордвест, тој го забележал чудниот Mitsubishi Outlander и веднаш повикал тројца пчелари, кои го собрале вредните инсекти во кутија. Единствено матицата не ја пронашле.

Госпоѓата Хауарт по оваа необична спасувачка акција заминала дома. Но, веќе во следното утро таа доживеала уште поголемо изненадување, откако забележала дека пчелите се вратиле на нејзиниот Outlander. На 65-годишната дама не ѝ останал друг избор освен повторно да ги повика пчеларите. Ројот повторно бил собран во кутија и потоа вратен во природа, кадешто веројатно и ќе остане.

Причините зошто пчелите решиле да се одомаќат во возилото на Велшанката уште се неразјаснети. Познавачи сметаат дека госпоѓа Моузис случајно ја затворила матицата во багажникот од нејзиниот Mitsubishi. Матицата не е пронајдена, мистеријата останува.

https://youtu.be/OHYt77fRk9U

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет користени теренци за 5000 евра што заслужуваат препорака

Porsche Cayenne dizel

Дизелот ја губи популарноста во Европа