за

Милано стартуваше со изнајмување возила на улица

4.500 клиенти за помалку од четири недели – откако системот Car2go стартуваше во Милано на 11-ти август, интересот за сино-белите smart fortwo бележи постојан раст. Момемтно во градот има 450 возила за изнајмување.

Подрачјето од италијанскиот град во кое што е достапна услугата на изнајмување на возила на улица покрива површина од 120 километри квадратни, што е речиси целата површина на градот. Во ова подрачје може да се изнајмат возилата на car2go и по користењето да се остават на кој било јавен паркинг во градот. Во цената за изнајмување од 0,29 евра по минута е вклучена и таксата што се наплатува за влез во строгиот центар на Милано. Car2go е заеднички проект на Daimler и на најголемата европска компанија за изнајмување возила Europcar.

Од 14-ти септември, car2go стартува и во најголемата метропола во американската сојузна држава Минесота. Минеаполис е 23-от град во светот и осми град во САД во кој што е достапна услугата за изнајмување возила со картичка, директно од паркиралиште и без посредници. Тука стојат на располагање 300 примероци од малечкиот smart fortwo.

Како прв целосно флексибилен систем за изнајмување автомобили во светот, car2go е пазарен лидер во подрачјето на заедничко користење на возила независно од локацијата. Во светот се регистрирани преку 400.000 корисници за услугата, на кои што им се достапни 8.800 возила, од кои 1.100 се возила на струја. Досега се регистрирани повеќе од 12 милиони изнјамувања на возилата според системот на Carsharing.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

700 КС за Audi Sport Quattro

Opel Monza GSE на изложбата на олдтајмери во Франкфурт