за

Микробранови место обична свеќичка за палење

мотор со палење со микробранови

Моторите со внатрешно согорување не се предаваат толку лесно. Технологија на палење на смешата со микробранови место со класична свеќичка, ветува пониска потрошувачка и почиста емисија. Нема потреба од скапи катализатори и Адблу. Уште купувач недостига.

Германска фирма уште во 2011 година го привлече вниманието откако независни тестирања докажаа дека нивната технологија функционира. Станува збор за палење на работната смеша во моторите со внатрешно согорување со помош на микробранови, место со класична свеќичка. Вообичаено, потоа следеше молк, додека се најде партнер кој ќе ја финансира „револуцијата“.

Технологијата може да се користи во сите мотори со внатрешно согорување кои работат со течно или гасовидно гориво. Тоа значи дека таканаречената MWI-технологија дејствува со дизел, керозин, алкохол и бензин, исто како и со биогорива, како E-Fuel или Blue Diesel.

Теоретски е можно смалување на потрошувачката за 30%, останува уште многу работа на усовршувањето на техниката за палење со микробранови

Најголемата предност е во тоа што може да се користат постоечките мотори, без потреба од какви било преправки, освен во системот за палење. Изумителите ветуваат значително намалување на потрошувачката на гориво. Теоретски е можна заштеда до 30 проценти, но и постигнатите 13-20% во реални услови сигурно не се за занемарување. Моментно се истражуваат натамошните можности за оптимизација.

Единствената разлика е во тоа што свеќичката за палење е заменета со техника за палење со микробранови

Поради сигурната работа на моторот во оптимираните подрачја се постигнува и двоцифрено намалување во емисијата на штетни материи, во поглед на азотни оксиди, СО и СО2, РМ и јаглеводороди. Мерните резултати засега не се верифицирани, но се поаѓа од аналогијата дека смалената потрошувачка на гориво за 15% повлекува и соодветно смалување на емисијата на СО2 за 15 проценти.

Пониски температура на согорувањето и пониска емисија на азотни оксиди – нема потреба од SCR-катализатори и Адблу

Значајна редукција се постигнува и кај СО. Покрај тоа, температурите на согорување се движат меѓу 60 и 120 К што е многу пониско отколку при палењето со свеќички. Со намалувањето на температурата може да се очекува и намалување на термичките азотни оксиди.

Потребни се само минимални преправки за техниката за палење со микробранови, но дополнителниот трошок се надоместува со тоа што MWI нема потреба од скапи катализатори и впрскување Адблу

Палењето со микробранови може да се применува кај големи дизели, авионски, автомобилски, камионски, двотактни, ванкел мотори и „генератори“ на струја кај возила со електрифицирана погонска спрега (range extender). За следната година се планира комерцијализација на технологијата.

Проектот би требало да има сигурна иднина, своевидна гаранција за тоа е Венделин Видекинг, поранешен шеф на Porsche, кој учествува со околу една петина во акциите на компанијата, заедно со група инвеститори.

Видео за начинот на работа на палењето со микробранови

 

Дијаграм на пораст на притисок

Двете криви на пораст на притисок покажуваат дека при впрскување иста количина гориво, благодарение на палењето со микробранови се ослободува многу повисока корисна моќност, отколку при палење со искра. Во зависност од избраните параметри, кривата на пораст на притисок е пострмна кај палењето со микробранови. Тоа значи дека MWI-согорувањето се одвива побрзо и поефективно.

Жолтите криви покажуваат повисоки максимални притисоци, додека нивниот површински интеграл покажува дека во целина се ослободува поголема моќност, отколку под сината крива. Во исто време, согорувањето врз база на микробранови во цилиндарот 1 е постудено во споредба со цилиндарот 2 (тест-моторот е двоцилиндарски), кадешто се користи конвенционално палење со свеќичка.

Зошто скапите автомобили со моќни мотори се добри за електромобилноста

Како работи моторот со променлива компресија на Nissan

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автомобили отпад злато

Дваесет тони злато годишно завршуваат во авто-отпад

SKODA_KODIAQ_L&K

Skoda Kodiaq L&K по цена од 50.000 евра: Добар ден Audi!