Сагата за брзите коли и бесните момци продолжува. Возниот парк на филмските херои во Брзи и Бесни секогаш има пријатни изненадувања. За прв пат филмот е сниман и во Европа, и тоа се забележува по автомобилите
Вакви сцени можат да се видат само на кино. Alfa Romeo Guilietta го попречува слетувањето на огромен карго авион, по што следува спектакуларна експлозија на авионот, додека италијанската машина успева да се извлече настрана во последен момент. Giulietta е дел од возниот парк во шестото продолжение на Брзи и Бесни, заедно со Dodge Challenger, Ford Escort од првата генерација и Ford Mustang од 1969 година.
Тимот под режија на Џастин Лин за прв пат снимаше и на европски локации, меѓу другото во Лондон, во Шкотска и на Тенерифе. Популарниот филмски серијал со своите пет досегашни продолженија забележа промет од 1,2 милијарда евра. Новото продолжение на сагата за брзиот метал и бесните момци стартува на кино кон крајот на месецов.
Протагонистите се познати од претходните филмови. Нови се автомобилите, а како и секогаш досега, возниот парк импресионира и изненадува. Покрај неизбежните американски болиди од 1960-те и 1970-те, се појавуваат неколку самоделски возила, еден рели автомобил, па дури и тенк кој секако дека не ја пропушта шансата да ги срамни со земја возилата што ќе му се најдат на пат. Ова се ѕвездите на четири тркала од филмот.
Ford Anvil Mustang од 1969 година
Овој автомобил е легенда меѓу љубителите на Mustang, со 8,2-литарски мотор со 800 КС под хаубата. За филмот беа рачно изработени девет копии од овој суперболид. Разбирливо е зошто за филмот не можеше да се користи оригиналиот Mustang. На крајот, возилото е прегазено од тенкот.
Dodge Charger Daytona
Монструмот со спојлери му служи на филмскиот херој Дом како возило за бегство. Daytona се појави во 1969 година како тркачка варијанта на мускулестите автомобили и позната е првенствепо по огромниот заден спојлер и по пластичниот нос дизајниран според законите на аеродинамиката.
Dodge Challenger SRT-8
Challenger е редовен гостин во филмовите за Брзите и Безните – сé додека Dodge е спонзор што плаќа. Техничарите на Dodge со специјален софтвер ја деактивираа сета безбедносна електроника за снимањето на каскадерските сцени.
BMW M5
Германските автомобили досега ретко се појавувале во серијалот, но подобро и воопшто да не се појавеа. Повеќето BMW M5 завршуваат уништени откако не успева извршувањето на налогот од Доминик Торето. Dodge, сепак, е спонзор на филмот.
Ford Escort Mk1
Култниот рели тркач од Велика Британија доби впечатлива улога во филмот, што и не треба да зачудува, со оглед на фактот што поголемиот дел од сцените се снимени во Лондон.
Jensen Interceptor
Уште еден автомобил во чест на Англија. Jensen е редок автомобил со англиско потекло, а американски мотор V8. Верзијата што се појавува на филмот изгледа бесно, но и техниката е бесна. Оригиналниот модел беше еден од првите спортски автомобили со погон на сите тркала во верзијата FF.
Lister / Lupra 470
Lister Motors не е познат надвор од Англија. Техниката на оваа ракета со четири тркала потекнува од Jaguar, но моторот е од Corvette.
Nissan GT-R
Спојлерисаниот тркач со закосени очи се појавувал во повеќе филмови од серијалот и не смее да недостига ниту сега.
Land Rover Defender
Легендарниот теренец имаше херојски настап во последниот филм за Џејмс Бонд и веќе мора да се жртвува уште еднаш – во спектакуларно превртување во каскадерска сцена изведена на мост.
Alfa Romeo Giulietta
Giulietta внесува малку италијански жар во филмот. Како ќе заврши таа? Alfa е марка на Fiat, Fiat е сопственик на Chrysler, Dodge e марка на Chrysler, Dodge е спонзор на филмот.
[box type=”info” ]
Што е заплетот?
Дејствието во филмот се опишува за покусо време отколку што му е потребно на Ferrari да забрза од место до темпо 100. Американскиот агент Лук Хобс бара засилување. Зависниците од коњски сили, Дом и Брајан, ќе му помагаат на Хобс во апсењето на водачот на една банда. Како противуслуга за помошта, Дом и Брајан ќе бидат ослободени од обвиненијата, затоа што обајцата сé уште се во бегство од законот. [/box]