за

Мебел со тркачка нота од Porsche

Трките со канцелариски столици се крајна фаза на зависност од работата. Сега постои и совршена столица за тоа, од Porsche! Победата е гарантирана.

Што е најлошо кај Porsche? Тоа што до таков автомобил се доаѓа само со напорна работа и многу откажувања, па на крај нема да остане време за возење, а уште помалку за уживање во тоа. Утеха може да биде тоа што Porsche изработи мала серија мебел од оригинални делови на Porsche 911. На тој начин може да се ужива барем во седењето во Porsche.

2013 / Porsche Design

Линијата на производи која што Porsche ја води под Drivers Selection досега нудеше главно ѕидни календари и детски колички. Новитет е канцелариската столица која што чини 3.900 евра и го обезбедува чувството да се седи во Porsche, буквално. За неа се користи оригиналното седиште од актуелниот 911, обложено со црна кожа. Во потпирачот за глава е втиснато логото на Porsche, а одзади има закачалка за облека. Целата конструкција е поставена на основа од алуминиум со пет краци. Но, тоа сė уште не ја прави столицата да биде посебна.

Најголемата финта е електричното местење на столицата во делот на слабините, со истите коппчиња како во вистинските автомобили. Струјата за електоморотот доаѓа од вградените батерии. Единственото што недостига е безбедносен ремен – спортскиот седач мора сам да се грижи да не излета од столицата.

2013 / Porsche Design

Освен столици, мебелот на Porsche опфаќа и заден спојлер од 911 GT3 Cup како полица за книги, долга 1,8 метар и со носивост од 120 килограми. Ова парче мебел би чинело 2.900 евра. Се нудат и потпирачи за книги, односно четвртинки од сопирачки дискови од Porsche по цена од 159 евра по парче – речиси џабе.

2013 / Porsche Design

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Picasso се купува за 19.990 евра

Volkswagen ги научи Американците да возат дизел