за

Масовен карамбол во Абу Даби: Стотици возила се исчукаа во пустината

Во серија судири во Абу Даби се повредени над 20 лица и уништени се стотина возила. Масовниот карамбол бил предизвикан од густата магла којашто се појавува во ова време од годината.

Густата магла предизвикала серија верижни судири на прометна улица во Обединетите Арапски Емирати, во коишто се оштетени стотина возила и повредени се 23 лица. Снимките од местото се застрашувачки. На патот што ги поврзува Абу Даби и градот Ал Аин стојат редици демолирани автомобили. На повеќето од нив не им се распознава формата на каросеријата, а има и многу возила излетани покрај патот.

Според полициските извештаи, се случиле четири верижни судири. Во првиот судир учествувале пет возила, во вториот судир 69 возила, во третиот осум и во последниот 14 автомобили. Осумнаесетмина повредени веќе го напуштиле болничкиот третман, петмина се задржани.

Маглата во Абу Даби не е реткост во ова време од годината. Во градот на Персискиот Залив честопати се влошува видливоста, а пред една година беше предизвикан и целосен застој на аеродромот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Подарок за 130-от роденден на автомобилот: Mercedes-AMG S 63 Cabrio Edition 130

Рускиот пазар во криза, само продажбата на Porsche оди како подмачкана