за

Маркијоне бара спојување на Fiat Chrysler и General Motors

Шефот на Fiat во март ѝ предложил спојување на двете компании на својата колешка во General Motors. Веста ја објави New York Times, врз основа на инсајдерски информации.

Првата дама на General Motors Мери Бара изричито го одбила предлогот што по електронска пошта го добила од колегата Серџо Маркијоне. Оттогаш италијанскиот шеф настапува агресивно во јавноста со став дека постои неопходност од натамошна консолидација во автомобилската индустрија. Според Маркијоне, компаниите бележат големи загуби поради одбивањето на соработката.

Во 2009 година Fiat го спаси американскиот Chrysler од пропаѓање, за во минатата година целосно да ја презеде компанијата. Во последните години шефот Маркијоне успеа да го врати Chrysler во зоната на профитабилност, вклучувајќи и значително подобрување на продажбата на марката на американскиот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бетон со бактерии се поправа сам

Bentley со награда за најдобар концепт на престижниот собир во Вила д’Есте