за

Малечкиот Renault Kwid е бестселер за 4.000 евра – само за Индија

Renault Kwid стана бестселер за само неколку месеци. Но, тој е достапен само на индискиот пазар. За два месеца таму се продадоа над 70.000 примероци од мини-кросоверот, по цена под 4.000 евра.

Во Renault можат со насмевка да влезат во новата година. На Французите не им се претвораше во злато сé што ќе допреа, но по скапите излети со електричните автомобили во минатите години, Renault полека, но сигурно се враќа на патот на успехот. Renault Clio е најпродаван автомобил во Европа, по Volkswagen Golf, додека Captur и натаму царува во сегментот на најмалечките кросовери и го остава главниот конкурент Opel Mokka далеку зад себе – иако и натаму му недостига погон на сите тркала. Со пристигањето на Kadjar и на интересниот Espace, како модели од суперпопуларниот сегмент на спортски кросовери, продажбата ќе продолжи да расте уште порапидно.

Купувачите во Индија имаат посебни барања од автомобилот. Тој треб да биде суперевтин, но не треба и да изгледа евтино. Renault успеа да ги спои овие две работи и продава сензационално добро
Купувачите во Индија имаат посебни барања од автомобилот. Тој треба да биде суперевтин, но не смее да изгледа евтино. Renault успеа да ги спои овие две работи и продава сензационално добро

Колку „лесно“ може да се дојде до успех, покажува токму малечкиот кросовер Renault Kwid. Французите го понудија моделот на пазарот во Индија пред два месеци и неговата продажба оттогаш достигна сензационални 72.000 примероци. За само два месеци! Неделно се произведуваат по 2.000 примероци. Со 18 сантиметри растојание од подлогата и со моќно испакнати крила, евтиниот модел на Renault потсеќа на смалена Dacia Duster и со должина од 3,68 метри и ширина од 1,68 метар им конкурира на Suzuki Alto или Hyundai Ion на азискиот полуконтинент.

Моторче од 800 сантиметри кубни со 54 КС е сосема доволно за индискиот пазар

За погонот на Renault Kwid служи трицилиндарец со зафатнина од 800 сантиметри кубни, со моќност од 54 КС и вртежен момент од 72 њутнметри. Со релативно големото меѓускино растојание од 2,42 метри, во кабината има место за петмина патници. И Индијците се сосема задоволни од тоа.

Во основната изведба, Kwid чини помалку од 3.500 евра на индискиот пазар. Погрешна е претпоставката дека цената е постигната со „стара“ и проста техника
Во основната изведба, Kwid чини помалку од 3.500 евра на индискиот пазар. Погрешна е претпоставката дека цената е постигната со „стара“ и проста техника

Базиран на нова платформа на Renault-Nissan, малечкиот Kwid е продолжение на стратегијата на на француско-јапонската алијанса да се понуди достапен автомобил за колку е можно поширок круг купувачи. Притоа се чини дека на Kwid ништо не му недостига. Тој има модерна линија, издржлива техника и пристојна практичност во секојдневието.

Kwid не само што е единствен, туку за многу фамилии во Индија е во исто време и прв автомобил. Уличната слика на индиските „патишта“ ја сочинуваат мотоцикли, велосипеди и јавниот сообраќај. Сé друго е прескапо. На 1.000 жители доаѓаат само 14 автомобили. Производител што планира да продава тука, мора да има многу евтино возило. Но, тоа не смее да изгледа евтино, затоа што во спротивно ќе доживее неуспех.

Kwid е двапати поевтин од вториот модел на Renault во Индија

Основниот модел Renault Kwid Standard на индискиот пазар се продава поцена од 260.000 рупии, односно помалку од 3.500 евра. Поопремените верзии поседуваат електрика на прозорците, далечинско отклучување, па дури и радио со екран на допир и навигација. Вториот модел на Renault на индискиот пазар е Pulse и чини 500.000 рупии, односно двапати повеќе од Kwid, додека Dacia Duster стартува од 820.000 рупии или 11.000 евра, што е за околу 1.000 евра повеќе отколку на европскиот пазар.

Очигледно дека кај Kwid не се работи за евтино конципиран модел со стари делови од Renault, Dacia, Nissan, Datsun или дури Lada, туку станува збор за нешто друго. Тајната на Renault е во локалното производство. Дури 98 проценти од компонентите на Kwid се произведуваат во Индија. Додека преговорите со добавувачите обично траат околу три месеци, кај Kwid тоа траеше една и пол година, за да се најдат вистинските добавувачи и да се постигне фантастичната ниска цена.

Единствениот проблем за Kwid е тоа што Renault воопшто нема намери да го продава моделот на европскиот пазар. Со тоа Renault сам би си поставил сопка. Но, од друга страна, Dacia одамна нема направено некое ново изненадување.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Boxster и Cayman со ново име и нови мотори во 2016

Volkswagen Golf Country од времето кога светот не знаеше за SUV