за

Малезискиот Proton ќе произведува возила под лиценца на Suzuki

Корпорацијата Suzuki и малезискиот производител Proton потпишаа договор за соработка, којшто предвидува јапонската марка да испорачува готови модули за монтажа на неговите возила за малезискиот пазар.

Шефот на корпорацијата Suzuki, Осаму Сузуки и првиот човек на Proton, Махатир Мохамад, потпишаа договор за широка соработка меѓу двете компании. Во првата фаза од соработката, Suzuki ќе испорачува готови модули за монтажа на неговите возила во фабриката на Proton во Танјунг Малим. Првите возила ќе излезат од малезиската фабрика во август 2016 година и ќе се продаваат на локалниот пазар под логото на Proton. Околу моделот што ќе се произведува, партнерите објавија дека станува збор за компактен модел од програмата на Suzuki. Натаму ќе се разгледуваат можностите во соработката да бидат опфатени и други модели на јапонскиот производител. Suzuki ќе испорачува мотори и менувачи за производството на возила во фабриката на Proton.

Во средината на 1990-те години, малезискиот Proton направи силен пробив на европскиот пазар, со модели произведени под лиценца на Mitsibishi, вклучувајќи широкогради гаранциски понуди, но потоа се повлече од пазарот. Моделите на Proton повеќе години се нудеа и на македонскиот пазар. Proton е најстариот производител на автомобили во Малезија, основан во 1983 година. Лани марката продаде 116.000 возила на домашниот пазар, што претставува пазарен удел од околу 17 проценти. Малезијците, меѓу другото, се сопственици на легендарната британска марка спортски автомобили Lotus.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ќе го престигне Volkswagen во продажбата во Јапонија

Русија: Бесплатен технички преглед за примерните возачи