за

Мак Аутостар со повеќе премиери на Саемот за Транспорт

Автобусот на 2014 година на Setra е големото изненадување на Саемот за транспорт. Покрај него, Мак Аутостар ги прикажува и новите Actros и Sprinter, како и познатото доставно возило Citan.

Новата генерација на ComfortClass 500 од специјалистот за транспорт од високата класа Setra е носител на титулата на автобус на 2014 година и пристигна како македонска премиера на Саемот за транспорт во Скопје. Овој автобус за долги и комфорни туристички тури ја освои наградата со напедниот дизајн, исклучително ниво на безбедност и комфор, како и со чистата и штедлива погонска технологоја според нормата Euro VI.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Вториот новитет на саемот е Mercedes Actros, како докажано име во транспортниот сектор, развиен според најстроги стандарди и оптимално прилагоден не само за сегашните, туку и за идните потреби за транспорт на долги релации, со комфорот, возните својства, економичноста и издржливоста. Достапен во седум верзии на кабини за национален и меѓународен транспорт на долги релации, Actros нуди повеќе простор во кабината, поголема функционалност и слобода на движење, како и нов ергономски распоред во кокпитот.

Sprinter исто така ги исполнува врвните стандарди во својата категорија, придвижуван од нов четирицилиндарски дизел BlueTec, со 161 КС, седумстепен автоматски менувач, приспособлива програма за стабилност, како и напредни системи за заштита што потекнуваат од автомобилската понуда на Mercedes.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Основен модел во програмата на комерцијални возила е Mercedes Citan, како возило што се издвојува со врвна противвредност и висок степен на исплатливост во експлоатацијата. „Новиот херој во градот“, како што гласи мотото на моделот, претставува вистинско решение за бизнисмени, претприемачи и за сите на коишто деноноќиетоим исполнето со разни предизвици и случки, и кадешто работното и слободното време постојано се испреплетуваат.

Високата исплатливост во одржувањето на новиот Mercedes-Benz Citan  е еден од главните адути на ова возило. Како доказ за тоа се сервисните интервали и нивното чинење. Така на пример, редовниот сервис за одржување се прави на секои 30 илјади километри или на период од 2 години. Замената на ребрастиот ремен е предвидена на 240 илјади километри.

Освен издржливоста на возилото и економската исплатливост за негово одржување, новиот Citan е најмногу препознатлив и по екстремно ниската потрошувачка на гориво. Потрошувачката на Citan 108 CDI BlueEFFICIENCY и Citan 109 CDI BlueEFFICIENCY изнесува само 4,3 литри на 100 км и тоа го прави најштедливо возило во класата. Најмалечкиот транспортер на Mercedes е достапен со четири мотори, три должини на каросерија и три моделски варијанти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Giulietta продолжува да освојува награди за дизајн

ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖУВА ИЗЛОЖБА НА ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ