за

Мак Аутостар го донесе салонот од Франкфурт во Скопје

Само неколку денови по нивната премиера во Франкфурт, увозникот на Mercedes ги претстави трите нови модели во салонот во Скопје. За дополнителен спектакл, во салонот беше поставен 20-метарски „мултимедиски салон“, за првпат во Македонија.

Појавувањето на нов Mercedes денес е исто толку спектакуларно како пред четири или пет децении, кога марката од Штутгарт ги претставуваше новите модели во екстремно долги циклуси од по десетина и повеќе години. Публиката со нетрпение очекуваше да ги дознае последните иновации и достигнувања на марката-предводник на браншата. Во меѓувреме, иновацискиот интензитет не само што не се промени, туку и дополнително се зголеми. Ако некогаш беше потребна цела деценија за нов Mercedes, денес само за една вечер пристигаат „три мерцедеси“.

Трите модели на Mercedes со премиера на најзначајната автомобилска манифестација на европска почва, салонот во Франкфурт, во петокот доживеаја премиера и пред македонската публика, само неколку денови по IAA 2015: Комплетно новата генерација на GLC, наследник на GLK и соодветно на новата номенклатура преименуван во член на моделското семејство GL од класата C, потоа фејслифтот на класата M, исто така со ново име GLE, и секако, најголемата сензација на настанот и премиерно за Mercedes, купе-изведбата на GLE.

Спектаклот на трите премиери доби соодветна поддршка од 20-метарски интерактивен дисплеј, во задолжително присуство на убавите хостеси на Mercedes
Спектаклот на трите премиери доби соодветна поддршка од 20-метарски интерактивен дисплеј, во задолжително присуство на убавите хостеси на Mercedes

Владица Кокаловиќ: „Ова е година на теренците на Mercedes-Benz“

За значењето на овој единствен настан во Македонија говореше Владица Кокаловиќ, директор на маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар: „Овојпат центарот на вниманието од Франкфурт се пресели во салонот на Мак Аутостар, каде на посебено организиран VIP настан, сите љубители на иновациите во автомобилската индустрија, можеа одблизу да се уверат во врвната технологија, поради што оваа година се нарекува Година на теренците на Mercedes-Benz.“

За најдобрата технологија на Mercedes-Benz да биде претставена соодветно, увозникот на Mercedes се погрижи истата да ја прикаже пред публиката во салонот на оригинален и иновативен начин, преку тоа што увозникот го нарекува „најголем мултимедијален салон во Македонија“. Станува збор за интерактивен дисплеј со импресивни димензии, со должина од преку 20 метри и висина од 9 метри, што е приближно габарит на станбена трикатница. Дизајнот како еден од основните принципи на Mercedes-Benz можеше да се види во секој дел од салонот за време на настанот, вклучително и храната, креирана од најдобрите дизајнери во кулинарството. Главните ѕвезди на настанот беа сепак „Најдобрите на секој терен – GLC, GLE и GLE Coupe“, кои повторно поставуваат нови стандарди во автомобилската индустрија.

Новиот Mercedes-Benz GLC: Повеќе простор, повеќе забава, повеќе удобност

Новата дизајнерска филозофија на Mercedes-Benz се огледува целосно во надворешноста и во внатрешноста, како нова интерпретација на тоа што марката го води како модерен луксуз. Со отпор на воздухот Cd 0.31, GLC поставува нови стандарди во својот сегмент, а тоа соодветно се ефектуира и во намалувањето на потрошувачката за 19 проценти на ниво на ова моделско семејство.

Како новина, единствен меѓу конкурентите, новиот GLC може да биде опремен со воздушната суспензија – AIR BODY CONTROL, а значајна новина е и 9-степениот автоматски менувач 9G-TRONIC. Во споредба со својот претходник GLK, новиот модел располага со повеќе простор, како за првиот ред, така и за патниците од вториот ред седишта. Должината на каросеријата споредена со претходниот модел е зголемена за 120 милиметри, додека ширината е зголемена за 50 милиметри.

a5Новиот GLC со помош на DYNAMIC SELECT, како стандардна опција, нуди 5 различни програми на возење, ECO, COMFORT, SPORT, SPORT+ и INDIVIDUAL. Исто така, дополнително може да биде опремен со опција Оff-Road инженерски пакет, кој нуди 5 посебни програми за возење: Offroad, Incline, Rocking, Slippery и Trailer. При користење на воздушна суспензија AIR BODY CONTROL и во програмата Offroad, Incline, возилото може да се подигне до 15 милиметри, додека при користење на програмата Rocking, возилото може да се подигне до 50 милиметри, со што растојанието од подлогата се зголемува на 227 милиметри.

Теренецот од средната класа во почетокот е достапен во моделските изведби GLC 220 d 4MATIC и GLC 250 d 4MATIC, обете со 2,1-литарскиот дизел, со моќност од 170 КС и 204 КС, како и со бензинскиот модел GLC 250 4MATIC, со 1,6-литарски турбо мотор со 211 КС.

GLE Coupé како премиера на купе-теренец во Meredes

Во годината исполнета со многу автомобилски новитети, една премиера привлекува особено внимание – првиот купе теренец со знакот на Mercedes-Benz. Станува збор за GLE Coupé, кој со атлетски дизајн и динамични перформанси покажува целосна самоувереност. Луксузот во овој модел е „стандард“, секогаш во комбинација со последната генерација на автоматски менувачи 9G-TRONIC, со интелигентни диодни светла, заден капак со електрично отворање, камера за движење наназад, спортски седишта, внатрешност со кожа ARTICO и цела низа „луксузарии“ на Mercedes.

a23

Дизелската верзија GLЕ 350 d 4MATIC вози со 258 КС, додека од бензинските верзии се достапни GLE 400 4MATIC, со трилитарски мотор V6 со моќност од 333 КС и вртежен момент од 480 Nm, како и GLE 450 AMG 4MATIC, со 367 КС и вртежен момент од 520 Nm. Врвот вообичаено е за верзиите Mercedes-AMG, обете со мотори V8: Mercedes-AMG GLE 63 4MATIC со мотор од 5,5 литри со моќност од 557 КС и Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC со мотор со 585 КС, вртежен момент од 760 Nm и рекордно забрзување до 100 km/h за само 4,2 секунди.

Преку стандардната опција DYNAMIC SELECT може да се избира во повеќе степени, почнувајќи од исклучително удобно, до екстремно спортско возење. На располагање стандардно се 4 различни програми: INDIVIDUAL, COMFORT, SLIPPERY и SPORT, додека во комбинација со воздушната суспензија AIRMATIC се добива уште едно ново искуство, во програмата SPORT+. При избор на програмите SPORT, SPORT+, а во содејство со AIRMATIC, каросеријата се спушта за уште подинамични и поагилни возни својства.

Новиот GLE е подинамичен, поагилен и поудобен со DYNAMIC SELECT

Mercedes-Benz направи освежување на најпродаваниот модел меѓу теренските возила на Mercedes-Benz, во изгледот на предниот и задниот дел на возилото, во внатрешноста, како и во нивото на емисија на штетни материи и во самиот погонски систем. Потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се намалени за 17% во споредба со претходниот модел.

aЗа првпат во историјата на теренските возила на Mercedes-Benz, достапен е модел plug-in hybrid: GLE 500 e 4MATIC комбинира перформанси на мотор V8 мотор со потрошувачка на четирицилиндарец. Бензинскиот V6 со моќност од 333 КС тука е комбиниран со електромотор со 116 КС. Од конвенционалните бензинци во понуда се GLE 400 4MATIC со 333 КС и GLE 500 4MATIC со 435 КС. Од дизел верзиите, кај новиот GLE се на располагање четирицилиндарец и V6 во комбинација со нова 9-степена трансмисија 9G-TRONIC, во моделите GLE 250 d 4MATIC со 204 КС и GLE 350 d 4MATIC со 258 КС.

Dynamic Select тука нуди 6 различни програми на возење – COMFORT, SLIPPERY, SPORT и INDIVIDUAL како стандард, за во комбинација со AIRMATIC да следува и програмата OFF-ROAD, односно уште поекстремната теренска програма OFF-ROAD+, во комбинација со инженерски пакет. Со помош на воздушната суспензија, се овозможува зголемување на растојанието од подлогата до 285 милиметри.

Новитет претставува и комбинацијата на напредната воздушна суспензија AIRMATIC ADS со системот за активна стабилност во свиоци ACTIVE CURVE SYSTEM, со кого што во зависност од избраната програма на возење од системот DYNAMIC SELECT се приспособува целокупната суспензија на возилото. Од друга страна, системот за стабилност во свиоци ги урамнотежува силите кои негативно влијаат на стабилноста на возилото, со што се зголемува управливоста и агилноста, правејќи возењето да биде забавно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

UFO Photobombs Selfie Taken in California

Од мотоцикл до 40-тонски влекач: Кој сопира најдобро?