за ,

Македонија доби „место за вдишување на духот на Порше“

На свеченост во гламур својствен за компанијата, Порше Македонија го отвори новиот салон за марката Porsche. Ова е петти салон за марките од портфолиото на водечката авто-компанија во земјава, по Volkswagen, Audi, Skoda и Seat. Според генералниот менаџер др. Златко Муцунски, Порше Центар Скопје е „место каде што може да се вдиши духот на Порше, неговата динамика и повик за авантура.“

Луксузот, чувството на моќ, квалитетот, дизајнот и технологијата што ги сочинуваат основните принципи на концептот на Porsche не го одминуваат ниту новиот салон за марката што се отвори во Скопје. Лоциран во центарот на Порше Македонија, меѓу салоните за марките Audi и Volkswagen, салонот за Porsche е дизајниран според сите стандарди на брендот и во него ќе може да се најде комплетното моделско семејство на марката од Цуфенхаузен, почнувајќи од новата генерација на 718 Cayman и Boxster, преку целото семејство модели 911, спортските теренци Macan и Cayenne, до исто така новата генерација на престижната лимузина Panamera.

porsche centar skopje 00001

Целосниот обем од можности и содржини во центарот беше прикажан со впечатлива тридимензионална проекција во Порше Центар Скопје. Со овој модерен пристап на претставување пред клиентите, соработниците и партнерите, Порше Македонија уште еднаш докажа дека е на врвот во автомобилската индустрија во земјава.

Порше го пишува новото поглавје во автомобилската индустрија во Македонија

Генералниот менаџер на Порше Македонија, д-р Златко Муцунски, обраќајќи им се на присутните на отворањето истакна дека грандиозното дело е плод на заедничкиот труд на посветениот тим во Македонија, поддржан од Порше Холдинг Салцбург и Порше АГ Штутгарт.

Porsche Centar Skopje (od levo): Markus Ekerman, Zlatko Mucunski, Alen Favej

„Нашите клиенти, љубители на спортските автомобили бараат свој простор. Место каде Porsche автомобилите ќе им бидат на дофат на раката, ќе се чувствуваат удобно, ќе можат да го вдишат духот на Порше, неговата динамика и повик за авантура. Порше стои за бескомпромисна извонредност кај спортските автомобили и за него го создадовме овој дом. Место кое ќе ве предизвика, возбуди, инспирира, совршен амбиент во безвременскиот стил и дух на Порше. Со тоа, Порше го пишува новото поглавје во автомобилската индустрија во Македонија“ – истакна господинот Муцунски.

Регионалниот менаџер Маркус Екерман: „Porsche остварува резултати подобри од кога било“

Маркус Екерман, генерален менаџер на Порше за Централна и Источна Европа потенцираше дека Porsche остварува резултати подобро од кога било и го изрази задоволството што брендот ќе биде претставен во Македонија со салон кој ќе нуди целосна услуга.

„Porsche поставува нови рекорди според бројот на продадени автомобили и започнува ново поглавје во историјата на спортски автомобили со електричен погон. Porsche Mission E ќе биде достапен на крајот од оваa декада. Се тоа ќе имаме огромни резултати и влијание на светските пазари, како и на македонскиот пазар. Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери – Порше Македонија и Порше Холдинг Салцбург за нивната посветеност, а на сите вработени во Порше Скопје им посакувам многу среќа и успех.“ – изјави господинот Екерман.

porsche centar skopje 00002

Порше Холдинг Салцбург е најголема продажна компанија во Европа

Ален Фавеј, извршен директор на Порше Холдинг Салцбург, истакна дека холдингот со кој раководи денес е најголемата автомобилска продажна компанија во Европа, присутна во 22 земји на стариот континент, а исто така и во Кина, Јужна Америка и Малезија. Порше Холдинг ги претставува брендовите на групацијата Volkswagen, во големопродажба, малопродажба и во финансиски услуги.

„Концентрирани сме на задоволството на нашите потрошувачи при искуството со нашите автомобили, во продажбата и пост-продажбата. Да имаат најдобра можна услуга во секој сегмент од нивното искуство. Овие постојани напори низ годините нѐ доведоа до денешниот момент кога имаме можност, на наше огромно задоволство, да го најавиме отворањето на најновиот салон на Порше во Скопје. Сигурни сме дека со оваа инвестиција во прекрасно здание, ќе можеме да им понудиме најдобро искуство на клиентите на Порше во Македонија“ – изјави господинот Фавеј.

porsche centar skopje 00003

Порше Македонија повеќе една деценија е присутна на македонскиот пазар. Во изминатите години компанијата постави нови стандарди во автомобискиот бизнис, при што го потврди и го задржа статусот на лидер во продажбата на нови возила со најголем удел на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата изгради препознатлив бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota стартува со нарачки за C-HR веќе од октомври

Новo претставништво за Jaguar и Land Rover во Македонија