за

Мадрид ќе добие 82 автобуса Mercedes-Benz со погон на метан

Шпанската престолнина нарача 82 автобуси од Mercedes што користат метан како погонско гориво. Емисијата е чиста, бучавата преполовена.

Јавниот превоз во шпанската пресолнина Мадрид нарача од Mercedes испорака на 82 примероци од Citaro NGT (Natural Gas Technology), коишто користат метан како погонско гориво. Половината се зглобни автобуси со должина од 18 метри, другата половина автобуси имаат должина од 12 метри.

Моторот со зафатнина од 7,7 литри е модификација на турбодизелот OM 936. Шестцилиндарецот може да работи со комприниран метан или со биогас. Моќноста изнесува 302 КС при 2.000 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент од 1.200 њутнметри се постигнува во подрачјето меѓу 1.200 и 1.600 вртежи. Во поглед на емисијата на штетни материи, овој мотор при погон со биогас постигнува вредности што се далеку подобри од лимитот според нормата Euro VI.

Покрај намаленото загадување на животната средина при погон на метан или уште подобро на биогас, нивото на бучност при работата со овие чисти погонски горива се намалува до четири децибели, што значи дека звукот субјективно се чувствува како да е двапати послаб.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti Chiron се вдоми во Монако: Вака изгледа салон на Азурниот Брег

Фабриката во Словачка произведува за шест марки на Volkswagen