за

Мадрид е 31-от град со евтината шема за изнајмување возила Car2go

Coffee to go, Car to go. Ако функционира со кафе, зошто не и со автомобили. Евтината шема за изнајмување возила и главна конкуренција на таксито, Car2go, стартува со 350 електрични возила во шпанската престолнина.

Фирмата за евтино изнајмување автомобили на Daimler продолжува со проширување на европскиот пазар и го освои Мадрид како 31-ви град во кој се нуди оваа иновативна шема со растечка популарност. Територија од 53 квадратни километри на градот ќе се покрива со 350 возила Smart Fortwo – со погон на струја. Чисто математички, тоа значи дека најблиското возило од оваа шема е можно да се наоѓа на само 150 метри од корисникот.

Full-Res-car2go-0025
Smart Fortwo Electric се „отклучува“ со приближување на корисничката картичка до читачот под ветробранот. Плаќањето исто така се врши преку картичката

Мадрид е прв град во Шпанија каде што е достапна оваа услуга, која овозможува преку мобилна апликација да се пронајде каде најблиску е паркиран автомобил од шемата, за по користењето тој да се остави на предвидените места во градот, односно на кое било јавно или наменско паркиралиште во градот. Паркирањето е бесплатно за корисниците на Car2go, а за користење на услугата е потребна само електронска картичка, преку којашто се врши и плаќањето отпосле.

На корисниците во Мадрид стојат на располагање само возила со електричен погон кои се полнат преку сопствената инфраструктура

Мадрид е воедно и четврти град по Сан Диего, Штутрагт и Амстердам, каде што возниот парк на Car2go се состои само од електрични возила. Покрај тоа, во шпанската престолнина за прв па се применува и систем од полначи што е независен од инфраструктурата во градот. Полнењето на батериите во Мадрид се врши исклучиво од сервисниот тим на Car2go и преку полначите што се поставени низ градот, на коишто полнењето завршува по само еден час.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus RS ќе добие уште поекстремна верзија, се враќа RS500

Cadillac го нуди кросоверот XT5 како конкурент на Audi Q5 и Mercedes GLE