за

Мадрид воведува поскапо паркирање за нееколошките автомобили

Мадрид преоѓа на интелигентни автомати за паркирање со повисоки цени за автомобилите загадувачи. Целта е да се намали загадувањето на воздухот во шпанската престолнина.

Во борбата против загадувањето на воздухот, шпанската престолнина воведе интелигентни автомати за паркирање. Возачите на автомобили со висока потрошувачка на гориво плаќаат поскапо, додека за хибридните и електричните автомобили паркирањето е бесплатно. На рампата пред паркиралиштето возачот треба да ги внесе регистерските ознаки на неговиот автомобил. Потоа системот ги бара податоците за возилото во базата со податоци и ги чита годината на производство и моторот. За постари модели со дизелски мотор се плаќа и до 20 проценти поскапо паркирање, односно исто толкав попуст добиваат хибридните возила.

Покрај тоа, системот ја одредува цената на паркирањето и во зависност од состојбата. Кога паркингот е речиси полн се плаќа поскапо, кога има доволно места за паркирање е поевтино. Цената за час паркирање во зависност од условите се движи меѓу 66 евроценти и 3,29 евра.

Мадрид планира да го подобри квалитетот на воздухот во градот со новите автомати за паркриање. Концентрацијата на азотни оксиди, на пример, повремено достигнува петкратно ниво над дозволеното според стандардите во земјите во ЕУ.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Ford C-Max 1.6 TDCi Trend

Тоа е новиот Volkswagen Passat