за

Лондон ќе наплаќа по 10 фунти за влез со дизел во центарот на градот

Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон планира да го ограничи пристапот за нееколошките возила. Се смета дека загадувањето на воздухот на островот усмртува 29.000 лица годишно.

Сопствениците на возила со дизел мотор ќе мораат да плаќаат посебна такса за влез во центарот на Лондон, или пак целосно ќе им биде забранет пристапот со цел да се реши проблемот со загаденоста на воздухот. Градоначалникот Борис Џонсон планира од 2020 година да се воведе такса од 10 фунти за дизелите. Со тоа двојно ќе поскапи влезот во центарот градот. Моментно за тоа се наплаќаат 10 фунти, освен за возила со хибриден и електричен погон.

Градоначалникот на Лондон ќе побара од владата и поскапување на регистрацијата за автомобили со дизел мотор, со цел возачите да се поттикнат за купување на возила со пониска емисија на штетни материи. Примерот на Лондон ќе го следат и Шефилд, Бредфорд, Бирмингем, Бристол и уште 15 други градови. Според процените, околу 29.000 смртни случаи годишно во Британија се причинети од прекумерната загаденост на воздухот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes започна со производство на продолжената класа С во Кина

Наследникот на Land Rover Freelander ја покажа формата