Борис Џонсон нема чешми за пуштање, но очигледно и нему водата му е главна тема. Градоначалникот на Лондон отпатува специјално во Тојота Сити да го преземе водородниот автомобил.
Борис Џонсон, градоначалникот на Лондон, обезбеди примерок од Toyota Mirai, првиот автомобил со погон на водород во светот, како дел од неговите активности за промовирање на користењето на чисти технологии во транспортот и инфраструктурата во британската престолнина. Градоначалникот го посети седиштето на компанијата во Тојота Сити, во неговата тридневна мисија во Јапонија.
Џонсон го оцени и пробното возење на водородниот автомобил: „Фантастично е тоа што Лондон ќе има корист од овие водородни возила со врвна технологија. Прифаќајќи ја оваа технологија на иднината, цел ни е да ја зацврстиме улогата на водородот како практично алтернативно гориво за 21-от век и по него. Убеден сум дека ‘Транспорт за Лондон’ ќе биде совршена средина за сите ние да се запознаеме со сите можности на Mirai и на тој начин да направиме уште еден голем чекор во подобрувањето на квалитетот на воздуихот во нашиот град и во заштитата на здравјето на жителите на Лондон.“
Велика Британија е избрана меѓу трите европски земји од „првиот бран“, заедно со Германија и Данска, за стартување со продажбата на лимузината со погон на водород во текот на месецов. Белгија ќе се придружи во првата половина на 2016 година, откако ќе се доразвие мрежата од станици за точење водород.