за ,

Легендарниот Morgan 3 Wheeler во изведба со погон на струја

На Британците мора да им се признае едно. Тие ја прават забавата во автомобилскиот свет. Без нив ќе беа само здодевните Германци што едната иста работа ја тераат до перфекција и гласните Италијанци кои нудат дизајн, но не и автомобил.

Не може човек да не се одушеви од идејата на легендата во британското автомобилско производство Morgan да го спои класичарот 3 Wheeler со модерен погон на струја. Morgan EV3 е втор електричен автомобил на мануфактурата, по Plus E, и засега е во фаза на концепт, но се очекува да влезе во сериско производство кон крајот на 2016 година. Како основа за EV3 се користи класичниот Morgan 3 Wheeler, кого марката го врати во понудата во 2011 година и со тој чин предизвика општо одушевување на ентузијастите на Morgan. Електричниот трицикл ќе се изработува исклучиво по нарачка и рачно. Тоа што уникатниот Morgan EV3 ќе фигурира како модерен електромобил покрај Tesla Model S, Nissan Leaf или BMW i3 е најубавата работа што можеше да се случи во електромобилноста во овој период. За погон се користи електромотор со моќнсот од 45 киловати на задната оска, во комбинација со тежина на возило пониска во споредба со верзијата со обичен погон и досег од околу 240 километри. Прототипот на електричниот трицикл беше прикажан премиерно – каде на друго место, ако не во Гудвуд – на Фестивалот на брзината во изминатиов викенд.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Заплена на возило во Италија, забрана за возење во Франција: Сообраќајни казни во Европа

Новиот Audi A4 ги повикува Mercedes C-Class и серијата 3 на BMW на соочување