за

Лажни возила на АДАК „помагаат“ при дефект на патиштата во Србија

Клубот АДАК јавува за лажни сервисни возила што под неговото лого нудат услуги на патиштата низ Србија и Унгарија за возилата во дефект. Цените на овие услуги обично се пеколно скапи.

Лажни сервисни возила во боите на германскиот клуб АДАК циркулираат низ Србија и Унгарија, нудејќи услуги за возилата во дефект. Тоа денес официјално го соопштија од седиштето на најголемиот европски автоклуб во Минхен. Лажните „жолти ангели“, како што се нарекуваат сервисните возила на АДАК поради препознатливата боја на каросеријата, носат заштитно лого на клубот или натпис дека се негови партнери. Престапниците им нудат поправки и влечна служба на жртвите по далеку повисоки цени отколку реалните цени на клубот. На прв поглед е тешко да се препознае дека станува збор за измама.

Како што понатаму наведуваат од Минхен, клубот во регионот е застапен официјално со свои возила единствено во подрачјето на Северна Италија и на хрватскиот полуостров Истра. Во сите останати земји постојат партнери коишто работат под налог на АДАК, но притоа не ги користат препознатливите бои на клубот за своите возила.

Возачите би требало да се посомневаат дека станува збор за измама откако лажните возила ќе се појават за кусо време на местото кадешто е возилото во дефект, без воопшто да биде повикана помош на патот. Измамниците обично користат уреди за попречување на мобилната врска, за на тој начин да се оневозможи стапување во контакт со службата за помош на пат на АДАК. Во таков случај е најдобро возачот да го заклучи својот автомобил и да се оддалечи, за повторно да се обиде да воспостави врска со клубот.

Ова не е првпат лажни сервисери да се претставуваат под заштитните бои на АДАК. Пред неколку години имаше случај кога лажно сервисно возило на АДАК нудеше сервисни услуги за возилата во дефект на делницата А7 од „аутобанот“ кој имаше и судска разрешница.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

90 турбо коњски сили за најмалечкиот модел на Volkswagen

Тристотини евра за половина час во Jaguar F-Type SVR на Нирбургринг