за

Купувањето на Opel нема да мине евтино за Французите

Opel Ampera-e

Мошне извесно е дека набрзо ќе се случи продажбата на Opel на новиот сопственик PSA. Но, концернот General Motors поставува неколку услови. Американците бараат PSA да им плаќа лиценци за продолжување на производството на постоечките модели на Opel, коишто француската групација и натаму нема да смее да ги продава во Северна Америка, Русија и Кина. Тоа прави најголем проблем околу еден автомобил, електричниот Ampera-e.

Во преговорите меѓу General Motors и групацијата PSA околу купувањето на марката Opel се појавува голем камен на сопнување. Повеќето патентирани технологии што се користат во моделите на Opel му припаѓаат на американскиот концерн, којшто нема намера толку лесно да им ги препушти истите на Французите. Меѓу нив спаѓаат и патентите за електричниот автомобил Ampera-e, на когошто PSA особено му има фрлено око.

General Motors во преговорите има поставено барање PSA да му плаќа лиценци за натамошното производство на одредени модели. Но, тие модели не смеат да се извезуваат во Северна Америка, Русија или во Кина. Кога ќе се погледне сегашната моделска понуда на Французите, со ваквите барања на GM тие би изгубиле еден важен аргумент за купувањето на германската марка. Без патентите на General Motors, групацијата PSA ќе мора самостојно да развива модели на Opel за трите важни пазари. Тоа е скап и долготраен процес.

Повеќе медиуми досега пишуваа дека зделката со Opel би можела да биде склучена уште пред започнувањето на салонот во Женева на 6-ти март. За тоа се заинтересирани сите страни во преговорите, коишто се веќе пред завршница. Но, проблемот со патентите поставува нови прашања на масата за преговори.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz Vans вложува милијарди евра во развој на нови модели

Бензинците со директно впрскување не се чисти колку што мислиме