за

Кросоверот од Peugeot 508 отсега достапен и без хибриден погон

Peugeot досега до нудеше кросоверот на база на 508 исклучиво во верзија со хибриден погон, заради нагласок на посебноста на погонот. Отсега 508 RXH вози и со обичен дизел.

Пазарот на кросовери со каросерија во стил на теренец постојано се зголемува, што сега го докажува и Peugeot. Французите реагираа соодветно на зголемената побарувачка на овие модели и ја збогатија понудата на погонски единици во 508 RXH со дизел мотор, за купувачите на коишто им се допаѓа концептот на возилото, но не се „загреани“ за хибридниот погон.

Новиот дизел под хаубата во Peugeot 508 RXH поседува работна зафатнина од два литри и моќност од 180 КС. Моторот со вртежен момент од 400 њутнметри оди исклучиво во комбинација со автоматски менувач со шест степени. Погонот е само на предните тркала, а просечната потрошувачка изнесува 4,6 литри. Моделот се нуди само во највисокото ниво на опрема Allure и на францускиот пазар чини околу 40.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLA ќе се произведува и во Кина

Наскоро Golf GTD R со супердизелот од Passat?