за

Краш тест на Euro NCAP: Пет автомобили, 23 ѕвезди

Во последната серија краш тестови, Euro NCAP ја проверуваше безбедноста на пет автомобили. Сите минаа добро, некои повеќе, некои помалку.

На последниот краш тест на организацијата Euro NCAP, пет автомобили ја докажуваа безбедносната структура на нивната каросерија, како и функционирањето на системите за заштита на патниците. Три модели ја освоија максималната оцена од пет ѕвезди, два модела добија четири ѕвезди. Mazda 6, Lexus IS 300h и Toyota Corolla се покажаа како цврст орев при челните и страничните судири, како добри заштитници на децата, но и на пешаците, како и со нивните безбедносни и помошни системи.

Opel Adam доби четири од пет можни ѕвезди. Најмалечкиот модел на Opel постигна добри резултати во поглед на заштитата на патниците, а за заштитата на совозачот Adam доби максимум бодови. Заштитата на децата и пешаците исто така е на примерно ниво. Техничарите ги критикуваа единствено слабата заштита на градниот кош при страничен удар во столб и просечната заштита на вратните прешлени при удар одзади. Четири ѕвезди освои уште еден малечок автомобил, Mitsubishi Space Star. Кај него техничарите критикуваа за отсуството на звучно и акустично предупредување кога патниците на задната клупа немаат ставено ремен, како и за отсуството на ограничување на брзината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus подготвува радикален дизајн за идниот теренец

Mitsubishi ја зголемува продукцијата на хибридниот Outlander