за

Која е правилната температура за клима уредот во автомобилот?

Почна сезоната на пеколни температури, автомобилите повторно ни се претвораат во вшежтени фурни при температури над 30 оC. Ладењето е преживување, но и премногу ладење не е добро.

Кога температурите ќе се искачат над 30 степени Целсиузови станува пеколно жешко во кабината. За кусо време внатрешниот воздух може да се загрее на преку 60 оС. Поради тоа е неопходно загреаната кабина добро да се проветри пред седнувањето, за клима уредот побрзо да ја излади кабината. По поаѓањето се препорачува кусо да се вклучи рециркулацијата на воздухот, за во кабината да не допира вжештениот воздух однадвор.

Многумина возачи веднаш седнуваат и го вклучуваат клима уредот на најсилно и најстудено – тоа можеби не му пречи толку на автомобилот, но на човечкото дело, да. Препорачливо е температурата на регулација на клима уредот да се намести на 22 степени Целзиусови. При пониски температури прекумерно се оптоварува крвотокот. Разликата меѓу внатрешната и надворешната температура не смее да биде превисока. На покуси возења е најдобро воопшто да не се вклучува клима уредот и место тоа да се отвора прозорците. Притоа се заштедува и по малку гориво.

Во зависност од типот на возилото и разладната техника, клима уредот троши во годишен просек околу еден литар гориво на сто километри. Отворите за проветрување смее да се насочуваат само кон покриени делови од телото. Доколку воздухот што се разладува до четири степени Целсиузови допре директно на гола кожа, постои опасност од настинки и од згрчување на мускулите. Кај автоматската клима е доволно само да се намести температурата. Наспроти тоа, со мануелната клима треба повеќе да се експериментира и често пати да се менува дотерувањето во зависност од условите на возење.

Не смее да се заборави сервисирање на климата. По неколку години може значително да се намали разладното дејство. Цревата и водовите во системот не се стопроцентно непропустливи и годишно испаруваат до 20 проценти од разладното средство. Тоа е измешано со компресорско масло и ја привлекува влагата од атмосферата. Според тоа, со вклучувањето на клима уредот не само што се разладува воздухот, туку истовремено се намалува и влажноста во воздухот. Влажната средина е совршена за размножување на бактерии и габи, коишто се собираат на кондензаторот. Непријатниот мирис во кабината е сигурен знак дека е неопходно да се исчисти клима уредот.

Како што слабее разладната моќ, така се зголемува потрошувачката на гориво. Компресорот мора да работи многу подолго за да го постигне бараното разладување. Најдоцна на секои три години мора да се посетува сервисната работилница заради проверка на климата. Притоа се отстранува разладното средство, се филтрира и се рециклира. Под дејство на  потпритисок системот се ослободува од кондензираната вода. Во последно време сервисирањето на климата е бесплатно во рамките на редовниот сервис на возилото.

За да се спречи пресилно загревање на кабината, од голема корист е да се постават заштитни панели на стаклата. Тие воедно ги штитат таблата и седиштата од директно сончево зрачење. Децата не смее да се оставаат сами во возилото, дури и ако истото е паркирано под дебела сенка. Тие се најчувствителни на топлотен удар.

При превисока температура во кабината може да се појават здравствени потешкотии, како забавување на крвотокот или тахикардија. За да се избегнат можните опасности, при високи температури треба редовно да се пие вода, најмалку три литри на ден – дури и за време на возењето. Минерална вода, разреден овошен сок или студен чад се најдобар избор. Поголеми количини на кофеин треба да се избегнуваат, затоа што тие предизвикуваат само краткотрајно подобрување на состојбата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку се безбедни кабриолетите при превртување

Toyota ги одликуваше најдобрите дилери во Европа