за

Кореец на скутер мина 18.000 километри само за да извози круг на Нирбургринг

Дури сто денови и 18.000 километри на скутер му беа потребни на овој Јужнокореец до Нирбургринг, само за да го исполни животниот сон и да извози круг на легендарната тркачка патека во Германија. Секако дека потфатот на Је Јонг Ли не мина незабележано.

Секој автомобилски ентузијаст мора еднаш во животот да извози круг на Нирбургринг. Јужнокореецот Ју Јонг Ли го испочитува ова мото и реши да го мине огромното растојание. Но, тој не сакаше да биде како сите други и едноставно да купи авионски билет до одредиштето на неговиот животен сон. За маратонскиот пат по половина земјина топка, Ли го избра својот скутер Honda со мотор од сто сантиметри кубни и осум коњски сили. Сто денови и 18.000 километри му беа потребни на азискиот авантурист да пристигне со својата Honda Super Cub до „Зелениот пекол“.

https://www.instagram.com/p/BLavrCvjg5n/?taken-by=jaeyeong_92

Социјалните мрежи го следеа Кореецот во целиот негов потфат. Локален ентузијаст откако дозна дека Ли го минал неверојатното растојание на скутер само со цел да извози круг на Нирбургринг, го сместил Кореецот на совозачкото седиште на својата тјунирана Cupra, за тој да може да почувствува како изгледа возењето по 22-километарската тркачка патека во полна брзина.

По Германија, Ли продолжи релаксирано во туристички стил во уште неколку европски држави. Неговото патување заврши вчера и тој веќе е на пат до родната Јужна Кореја. Како изгледаше целата авантура на Ли може да се погледне на неговиот профил на инстаграм.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака изгледа „фалбаџискиот“ салон на Volkswagen во Пекинг

Škoda одбележува 15-годишнина на Superb