за

Контроверзи околу новото разладно средство R1234yf

Од пред една година ЕУ пропишува новите автомобили да користат R1234yf како разладно средство во клима уредот место старото R134a. Но, новата хемикалија е далеку од безопасна.

Разладното средство за клима уредите во автомобилите R1234yf е многу поопасно отколку што се претпоставуваше досега. Последната серија тестови на германската асоцијација за заштита на животната средина ДУХ докажа дека новото хемиско средство претставува опасност за патниците и за првата помош во случај на пожар. Тестираното возило се продава од средината на 2013 година и спаѓа меѓу десетте најпродавани модели во коишто се користи разладното средство R1234yf. По докажаната опасност, ДУХ бара да се забрани R1234yf и истото да се замени во колку е можно покус рок со CO2, како побезбедна и поеколошка алтернатива.

При пожар во возилото асоцијацијата утврди алармантна количина на флуорводород (HF). Во воздухот биле измерени 45 ppm –  тоа е концентрација што за кусо време предизвикува неповратно здравствено нарушување. Во одредени услови е можно концентрацијата на HF да достигне уште поопасно ниво. Резултатите не се однесуваат само на тестираниот модел, туку на сите возила со разладното средство R1234yf.

Најголемиот број од пожарите во возилата се предизвикани од неисправни кабли, прегреани сопирачки и гуми, вандализам, како и од околното ширење на пламените од запаленото возило при масовен карамбол или во затворени простории и подземни гаражи. Во досега спроведените тестирања на безбедноста се проверуваше единствено дали истеченото разладно средство R1234yf може да се запали од жешките делови на моторот и се мереше концентрацијата на HF во тој случај. Другите сценарија на настанување на пожар или незгода не се земаа во предвид.

ДУХ уште во минатата година побара од Европската Комисија да наложи темелна анализа на безбедноста на R1234yf. Возилата што го користат новото средство претставуваат опасност во патниот сообраќај. Според асоцијацијата „неодговорно е кога политички одговорните лица, но и производителите, и натаму ги затвораат очите пред оваа опасност“.

Тестовите на пожар на ДУХ ги открија опасностите од новата хемикалија уште во 2008 година. Во тој период уште не беше одобрено средството и на патиштата немаше автомобили со истото. Но, оттогаш рапидно се зголемува бројот на возила со опасното средство.

Овие модели користат R1234yf во клима уредот:

 

  • Alfa Romeo 4C
  • BMW i3
  • Cadillac ATS
  • Cadillac SRX
  • Chevrolet Malibu
  • Chevrolet Trax
  • Citroën C4 Picasso
  • Fisker Karma
  • Hyundai i10
  • Hyundai i30
  • Hyundai Santa Fe
  • Jeep Cherokee KL
  • Kia Carens
  • Kia Cee`d
  • Kia Optima
  • Kia Sorento
  • Lexus GS 250
  • Lexus GS 450h
  • Lotus Elise
  • Lotus Exige S
  • Maserati Quattroporte GTS
  • Mazda CX-5
  • Mitsubishi Spacestar
  • Nissan Infiniti Q50
  • Nissan Note
  • Opel Mokka
  • Pagani
  • Peugeot 301
  • Peugeot 308
  • Range Rover
  • Range Rover Sport
  • Renault Zoe
  • Subaru BRZ
  • Subaru Forester
  • Subaru Impreza
  • Suzuki SX4
  • Tesla Model S
  • Toyota GT86
  • Toyota Prius plus

Овие здравствени нарушувања ги предизвикува флуорводородот

(Универзитетска клиника Јена)

Механизам на дејство:

Флуорворододната киселина е силен контактен отров. Поради нејзината ниска дисоцијација и изразената идрофобија, супстанцијата поседува висока моќ на пенетрација во кожата, што значи дека киселината го постигнува нагризувачкото дејство во длабоките ткива, без притоа да се забележи видлива повреда на епидернисот.

Вдишувањето на испарувања од флуорводородна киселина предизвикува нагризување на белите дробови со создавање на едеми, што може да предизвика смрт дури и при ниски концентрации (50-100 ppm).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Започнува четвртата индустриска револуција

Volkswagen и Ford му се налутија на клубот ADAC