за ,

Компактниот електричен автомобил на Tesla се одложува за 2018

Додека вредноста на акциите на калифорнискиот електро-специјалист продолжува да расте, стартот на долгонајавуваниот Model 3 станува сè понеизвесен.

Автомобилот со погон на струја и со цена од 31.000 евра на специјалистот за електрични автомобили Tesla Motors требаше првично да се појави во следната година и да стартува со продажба во 2017 година. Шефот Илон Маск лично го објави одложувањето со зборовите „Пореалистично е тој да се очекува на крајот на 2017 година“. Но, сега се чини дека и овој временски план нема да биде испочитуван. Интернет страница специјализирана за електрични автомобили објави дијапозитив прикажан на интерна конференција, на кого што се гледа дека воведувањето на Model 3 е планирано дури за 2018 година.

Постојаните одложувања на почетокот на продажбата на новите модели на Tesla ѝ олеснуваат на конкуренцијата да развива автомобили со коишто ќе им парира успешно на моделите на американскиот специјалист за електричен погон. Кросоверот Model X исто така се одложуваше повеќепати и уште нема сигурен датум кога овој автомобил конечно ќе се најде во продажба. Во постојана трка со времето за комерцијализација на новите модели, Tesla може лесно да го пропушти големиот напредок што се случува во батериската техника. Веќе е значителен бројот на големосериски производители што имаат во понудата автомобил со погон на струја или барем хибриден автомобил со надворешно полнење на батериите.

Од Tesla реагираат дека текстот „Планирано за 2018 година“ на прикажаниот дијапозитив се однесува на стартот на сериското производство и дека Model 3 сепак ќе биде прикажан премиерно во 2016 година, според претходните најави. Познавачите се сомневаат дека Tesla ќе успее да го исполни планот. Досега се нема појавено ниту еден прототип од моделот, а самиот производител има долга традиција на неисполнети ветувања. Дополнителен проблем е тоа што прво треба да стартува и кросоверот Model X.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продадени 40.000 примероци од хибридниот Mitsubishi Outlander

Сервисен центар на Ми-Да: Одговорноста на синиот овал