за

Комби од Volkswagen Golf со 300 КС

Погон на сите тркала, 300 КС, менувач со двојна спојка, врвно спортско подвозје - и комби! Нема повеќе што да недостига

Комби изведбата досега отсуствуваше кај најбрзата сериска изведба на Golf. На салонот во Лос Анџелес доживеа премиера Golf R Variant, со 300 КС и брзина ограничена на 250 km/h.

Volkswagen за првпат го нуди Golf R во каросериска изведба на комби. Верзијата Variant од најспортскиот Golf од сериската понуда сега доживеа премиера на салонот во Лос Анџелес. Исто како во верзиите со три и со пет врати, во Variant работи дволитарски бензинец со турбонатполнење и директно впрскување, со моќност од 300 КС, којашто преку шестстепен менувач со двојна спојка се пренесува на сите четири тркала.

Перформансите се променија незначително од поголемата тежина на комбито. Спринтот до сто трае 5,1 место 4,9 секунди, додека просечната потрошувачка на гориво се зголеми од 6,9 на 7,0 литри. Крајната брзина е ограничена електронски на 250 km/h. Volkswagen уште не ги објавува цените на Golf R Variant, но доплатата за комбито кај обичните верзии на моделот изнесува околу 1.700 евра, така што може да се очекува брзото комби во германскиот ценовник да се појави со цена од околу 43.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Футрола за мобилен со вграден фото-печатач

Privacyguard.org: Кои апликации ја повредуваат приватната сфера?