за

Кокпит на иднината: Каде ми исчезна воланот?

Автомобилските марки подготвуваат многу изненадувања за саемот на електроника во Лас Вегас. Фирмата TRW веќе знае како ќе изгледа кокпитот на идните автомобили што управуваат самостојно. Кога воланот е непотребен, исчезнува.

Добавувачот TRW, кој е дел од познатиот гигант ZF, ќе претстави иновативен дизајн на волан што е развиен за идните „автономни-роботизирани-автоматски“ и слични возила. Посетителите на саемот на потрошувачка електроника, кој започнува наскоро во Лас Вегас, ќе можат да го видат овој интересен концепт во студискиот автомобил на швајцарската фирма Rinspeed. Како специјалист за активна и пасивна безбедност, TRW ќе прикаже и неколку идеи за подобрување на безбедноста коишто би можеле да станат реалност многу скоро, како воздушна перница во таванот.

Предните воздушни перница се преместени во таванот и интегрирани во заеднички модул
Предните воздушни перница се преместени во таванот и интегрирани во заеднички модул

Едно од главните обележја во кокпитот на Rinspeed Etos е воланот што се вовлекува кога ќе стане непотребен. Воланот располага со сензори кои препознаваат кога дланките на возачот се наоѓаат на воланот и на тој начин му помага на возачот при функциите на автоматизираното возење.

TRW осмисли многу нови функции на воланот. Во горниот дел од воланот се наоѓа дисплеј на „менаџерот на модусот на возење“, кој го информира возачот во моментот кога интелигенцијата на возилото ќе препознае дека се исполнети сите услови за возачот да ја препушти контролата на автономната технологија. Соодветно на условите на патот, во дисплејот на воланот се прикажува „М“ за мануелна контрола, или А, за автоматизирано возење. Во вториов режим, воланот може едноставно да се впушти во арматурната табла, за возачот да добие повеќе простор за активностите што му се поважни во тој момент – да, веројатно и за „тоа“.

rinspeed etosВаквиот концепт на воланот отвора друг проблем. Во него нема место, ниту смисла за воздушна перница. Поради тоа, инженерите на ZF TRW решија да ја префрлат воздушната перница во таванот. Овој вид воздушни перници веќе се наоѓа во сериска примена и дејствува подеднакво ефикасно како обичните воздушни перници.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тренд во Америка и Азија: Продажни салони за автомобили – без автомобили

Овие автомобилски јубилеи ни претстојат во 2016 година