за

Клавир-мајстори на Yamaha работат за ентериерот на Lexus RX

Ситни детали ја прават разликата меѓу обично и луксузно. Lexus ги најми мајсторите за музичките инструменти Yamaha да изработуваат специјални детали за ентериерот на новиот RX.

Lexus повторно ги ангажира мајсторите за изработка на клавири на Yamaha да му дадат посебен шарм на ентериерот на новиот RX. Тие се повикаа на технологијата на ласерско режење, користена само за најексклузивните музички инстурменти, за фурнирот од вистинско дрво да добие уште повпечатлива изработка. Овие фурнири од сапели махагон се вградуваат во средишната конзола и во вратите, поставени на алуминиумски носачи и се одликуваат со прецизни резови по површината, како симбол за врвната вештина на јапонските мајстори.

lexus rx lasercutYamaha веќе 100 години изработува производи што се благодат за очите и ушите. Уште од првиот модел на Lexus, пред четвртина век, мајсторите на оваа куќа со богата традиција се ангажираат постојано на изработката на украсни дрвени детали во моделите од марката.

Ласерската гравура е симбол на тоа што Јапонците го нарекуваат „омотенаши“ и во најблиска смисла може да се разбере како гостопримливост. Принципот на омотенаши во возилото се сведува на тоа, на патниците да им се овозможи безбедно и пријатно чувство. Примери за овој неразделен дел од импресивната јапонска култура се наоѓаат и во електричното ракување со задниот капак – првпат во Lexus – како и во комоцијата на задната клупа, блиска до луксузните лимузини. Со подолгото меѓуоскино растојание во споредба со претходникот, новиот RX нуди повеќе простор во сите правци за патниците на задната клупа. Покрај тоа, во седиштата се вградуваат грејачи, а можат и да се местат со помош на електромотори.

Дури и држачите за чаша носат белези на јапонската перфекција во изработката

Јапонците не пропуштија да откријат нови подрачја да ја внесат својата смисла за перфекција. Држачите за чаша, на пример, се дотеруваат според висината на чашата, со дно што се дотерува по висина. При ставањето на конзерва пијалок, на пример, таа потонува во најниската положба и не го попречува ракувањето со климатизацијата или радиото. Со притискање на копчето за ослободување на дното, конзервата повторно излегува на дофат на дланките. Дното се дотерува во дијапазон меѓу 70 и 110 милиметри.

Тоа се детали што се очекуваат кај возило со премиум аспирации и детали што корисниците ретко можат да ги најдат кај конкурентските модели.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Lexus RX виси на кука: Специјална техника за кросоверот

BMW знае кога се вклучува зеленото светло на семафорот