за

Кинески студенти го пробија кодот на Tesla Model S

Двајца студенти успеаја да ги отклучат вратите на Tesla Model S во возење и да ги активираат сирената, светлата и сончевиот покрив. Но, наградата од 10.000 евра изостана.

Студенти од кинескиот универзитет Зејанг успеаја да влезат во кодот на Tesla Model S во натпреварот во којшто следуваше награда од 10.000 долари за најуспешните. Двајцата студенти учествуваа натпревар во хакирање во рамките на конференцијата за компјутерска безбедност SyScan во Пекинг. Наградата сепак остана недоделена, затоа што двајцата студенти иако ги отклучија вратите на електромобилот среде возење и ги активираа сирената, светлата и сончевиот покрив, не успеаја да ги отворат вратите и да го стартуваат моторот.

Калифорнискиот специјалист за електрични возила Tesla Motors официјално не учествуваше во организацијата на натпреварот, но со интерес ги следеше збиднувањата во Пекинг: „Иако Tesla директно не учествува на конференцијата, ја подржуваме идејата експертите за безбедност да ни укажат на потенцијалните слабости. Се надеваме дека експертите работат одговорно и добронамерно“, реагираа од Tesla Motors.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хибридите со најголема разлика меѓу фабричката и реалната потрошувачка

Kia ги објави првите цртежи од новиот Sorento